ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Преку партнерството со САД македонската иднина ја правиме подобра

May 9, 2023 21:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Гордост и чест се силните признанија и поддршка за Северна Македонија што денеска ни пристигнаа од Вашингтон, директно од државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен, на средбата со нашиот премиер Димитар Ковачевски, напиша вечерва на својот фејсбук-профил вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи.

Тој истакна дека традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и САД од минатата година се унапредени во стратешки дијалог, што е највисокиот формат на соработка на оваа земја во билатералните односи со суверените демократски држави.

Со САД сме партнери во споделувањето на највисоките заеднички демократски вредности и во почитувањето на човековите права, додаде вицепремиерот.

Според Битиќи, државниот секретар Блинкен исклучително отворено и директно ја изразил длабоката почит на Вашингтон за начинот на кој Северна Македонија претседава со ОБСЕ во исклучително драматичен и безбедносно предизвикувачки период, што ја прави нашата земја доверлив и сигурен партнер со кој се менаџираат прашања од највисок интерес за меѓународната безбедност.

Ова длабоко взаемно почитување и негување на билатералните односи е силна мотивација и за економската соработка за која државниот секретар Блинкен јасно потенцираше дека Северна Македонија ја има силната поддршка за стратешките инфраструктурни проекти кои ќе ја стават земјата на високо рамниште во процесот на интеграцијата во членство во ЕУ, пишува вицепремиерот Битиќи.

Тој порача дека треба да ги прифатиме како признание и заложбите на САД за унапредување на енергетска безбедност за Северна Македонија. Многу е важно што можеме и понатаму да сметаме на поддршката на Америка во изградбата на идните големи инфраструктурни проекти во делот на енергетиката.

Партнерството со САД е мотор и мотиватор на нашата интеграција преку која македонската иднина ја правиме подобра, оцени Битиќи.

Tags: БитиќиБлинкенЕУинтеграцииКовачевскиМакедонијаподдршкаСАДФејсбук
Next Post

Поротата пресуди: Доналд Трамп е одговорен за сексуално злоставување и клевета на новинарката Е. Џин Керол

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk