ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лазаревска: Ако сакаме современ булеварски влез во Охрид, мора да имаме малку трпение

June 13, 2023 11:01
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

„На Охрид му треба современ булеварски влез и поврзување со Подмоље, Но најважно е да биде безбеден за сообраќајот. Ако сакаме тоа да се направи така мора да имаме малку трпение и да дозволиме изведувачите на тоа поврзување да го прават непречено, стручно, квалитетно, но и брзо како би можело за Петровден, односно отворањето на Охридско Лето кога и официјално започнува туристичката сезона истиот тој биде пуштен во употрева“, објави на Фејсбук, пратеничката Жаклина Лазаревска.

Да не дозволиме да се случи како ланската сезона кога во шпиц на туристичката сезона Центарот на Охрид, улицата Македонски Просветители беше целисно раскопана, недовршена и во прашина, вели Лазаревска.

Таа нагласува дека стариот алтернативен пат е во добра кондиција и е реконструиран пред неколку години.

„Што се однесува до алтернативното пренасочување на сообраќајот од Подмоље до Охрид по стариот пат. Патот е во добра кондиција, реконструиран пред неколку години со пари на ЈПДП односно државата и овозможува непреченост и безбедност во сообраќајот. Дали од Подмоље до Охрид ќе се вози 5 или 10 минути повеќе важно е да биде безбедно и по пристоен пат на кој асфалтот е нов и нема никакви оштетувања“, вели Лазаревска.

Лазаревска потсетува дека „пред 2 години исто така беше направен современ влез од другата страна , на влезот од Лескоец за Охрид на улицата 15 Корпус со средства на централната власт и општина тогаш предводена од градоначалникот од СДСМ“.

„Влезовите во Охрид мора да бидат онака како што доликува за еден важен туристички центар, бисер на Балканот. Владата предводена од СДСМ била и ќе биде најголемиот финансиер за развој на општина Охрид“, вели Лазаревска.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, бара да се одложат до септември градежните зафати на потегот Подмоље – Охрид. Смета дека затворањето на главниот пристап кон градот ќе му нанесе сериозен удар на туризмот.

Ј. Ѓ.

Tags: Жаклина ЛазаревскаОхрид
Next Post

Во Сараево ретроспектива на анимираниот филм на Северна Македонија и на БиХ

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk