ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицко вс Дерала

June 13, 2023 16:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Тој мора да е надчовек.

Во ничеанска смисла.

Во време на епските, библиски, би рекол, мојсиевски напори да го крене нивото на Црвеното море и да го спречи преминот на Македонците во ветената земја Европа, тој наоѓа инспирација, мотивација, време и стрв да лапне некој денар месо како мршојадец од алфа тип, да го тужи Џабир Дерала за клевета и душевни болки во денарска противвредност од 60.000 денари.

Ѓоковиќ, Јокиќ и Тесла+Гоце Делчев и Даме Груев не би можеле да се доближат до овие остварувања со 30 гранд слема, со десет прстени и со пет манекенски револуции со табакери и маски на црни ќумурџичиња.

Мицкоски: Семејниот дом на семејството на мојот зет, сестра и внука, создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит, го претставуваат како мој скриен имот.

Демек објаснувањето во инкриминираниот текст не му ја намалило болката од насловот дека купил куќа од 1.5 милиони евра.

Па, добро Христијан, сите знаеме дека сите политички џеси џејмсови и кол јангери имаат сестри и зетовци кои наследиле имот па го продале па дигнале кредит и така изградиле гимназии и касарни односно куќи во таков формат. Груевски викаше дека се што има е на име на мајка му. Силви викаше слично за становите и бизнисите по Скопје. Не знам каков имот наследил Лигњата Ацо за хотелот кој до пола влегува во територијалните води на Албанија. Што продале Хер Флик и оној симпатичен говњар кој освен што читаше изборни резултати нема работено ништо во животот а има имот каков што јас нема да имам никогаш ако не се зачленам во вмро.

Нема кај нас политичар кој не може да се пофали дека нема ништо.

Хахаха!

Но, сепак, можеме ли ние, јавноста на Северна Македонија, да видиме кој имот го наследиле зетот/сестрата/внуката, колку пари е продаден тој имот, колку данок е платен, колкав кредит е земен, колкава е каматата и колкава е ратата. Ти ни должиш објаснување за продажбата на хидроцентралите. Тоа што сега немаш хидроцентрали не значи дека не треба да ни објасниш како, со кои пари, со кое наследство и кредити си ги изградил, колку пари си ги продал и колку данок си платил.

Тоа е.

За грозотијата од зградурина во која така бесмислемо столувате ти и твојата злосторничка инсталација, да не правиме муабет.

Уште ли сте блокирани?

Прашувам.

Оставам ИРЛ да го истражи случајот.

Како функционира зградурина од десетина илјади квадрати со пет души. Добро, еве, нека се десет.

А за штетите, навредите, клеветите на голем дел од граѓаните, за блокадата на нивните перспективи, за уништувањето на нивната егзистенција, на нивната сегашност, преку тралалајки за националниот идентитет, ќе се видиме на некое следно рочиште пред судот на Историјата. Знам дека звучи патетично, но друго не ми текнува. Сигурно се сеќаваш дека твојата тужба против мене обвинителот ја одби делумно поради мојата маестрална одбрана, а делумно поради твојата глупоќа да тужиш за врвна политичка поезија на тема на твојата смрт. Утре ќе го објавам статусот што те вознемирил. Морам да се потсетувам што е тоа што те обеспокојува за да можам да продолжам да се борам за интересите на луѓето.

П.С.

Ако судот го осуди Дерала ќе предложам акција на масовна национална солидарност за собирање на пари (60.000 +35.000 трошоци) за исплата на штетите што ги претепел Мицко. Можеме да приредиме и заеднички концерт на Филхарминија и Големиот џез оркестар. Демек на свадбата на народот со вистината.

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Бранко ТричковскиМицкоскиЏабир Дерала
Next Post

Серијалот за животниот пат на Рацин „Црвениот поет“ го тргна својот пат

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk