Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, е еден од клучните луѓе кои го туркаат процесот за интеграција во ЕУ. Тој, во обемно интервју за ЦИВИЛ МЕДИА, открива детали за процесот што се води, за извонредната шанса на земјата за брзо членство во ЕУ и за огромните придобивки од тоа членство за сите граѓанки и граѓани, за економијата, стабилноста и безбедноста.
Тој отворено и директно говори за политичките состојби и за можните тешки последици доколку не ја искористиме оваа шанса за продолжување на процесот за членство во ЕУ, кој во моментов е блокиран од опозицијата.
Маричиќ е искрен и директен. Неговата констатација дека „блокадите од опозицијата на државата ѝ носат изолација, неизвесност и отвора простор за влијанија на трети страни“ ја поткрепи со цврсти и рационални аргументи.
„Доколку не стане проактивна опозицијата и не даде поддршка за уставните надополнувања исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ“, вели вицепремиерот Маричиќ.
Тој порачува дека не е време за популизам. Според Маричиќ, популизмот му штети на евроинтегративниот процес, а последиците ќе бидат тешки.
Според вицепремиерот Маричиќ, дезинформации имаат цел да создадат страв и хаос. Тој објасни кои чекори ги презема Владата, но воедно ги препознава и напорите на граѓанските организации кои даваат голем придонес во оваа област.
„Лесно е да се вратиме во чекалната на ЕУ, но тоа нема да е од помош за следните генерации. Ни требаат државнички и сериозни одлуки со кои ќе се движиме напред“, порача вицепремиерот Маричиќ.
Целото интервју на вицепремиерот Маричиќ, тука.