ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Играта” околу уставните измени е многу поголема од инаетењето на Мицкоски, блокадата е во корист на Русија. Во ВМРО-ДПМНЕ во поинаков филм

September 28, 2023 10:50
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Блокадата на уставните измени, а со тоа и запирањето на евроинтегративниот процес на државата од старана на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оди во корист на проруските сили во регионот, сметаат политичките аналитичари во изјави за Фронтлајн.

Ацо Кабранов
Ацо Кабранов

– Апсолутно дека блокадата е во корист на Русија, и затоа први се со помош на нашите проруски сили за да го попречи нашето зачленување во ЕУ. И во последниот инцидент на Косово кој сè уште трае мислам дека длабоко е вмешена Русија. На Путин му треба да го дестабилизира нашиот регион за да го сврти вниманието на меѓународната јавност од војната што ја води во Украина, вели за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Ацо Кабранов.

Благојче Атанасоски
Благојче Атанасоски

Политикологот Благојче Атанасоски смета дека ,,играта” околу неизгласувањето на уставниве измени е многу поголема од инаетењето на опозицијата да не се изгласаат, во калкулација со нејзиниот партиски рејтинг.

– Сметам дека спречувањето на продолжување на македонските евроинтеграции е всушност борба помеѓу америнските интереси (да се продолжи со европските интеграции на Македонија) и руските (да се блокираат), како една поширока слика на пополнување на геополитичкиот вакум кој е создаден на просторот на Западен Балкан, во сите преостанати земји, меѓу кои и Македонија, вели Атанасоски за „Фронтлајн“.

Интервју на Фронтлајн со Бујар Османи. Фото: Ангел Ангеловски/ ЦИВИЛ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), меѓудругото изјави дека најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ. Сепак, забележува дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ.

– За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно, вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти мнозинството граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

– Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив, посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.

Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што изјавува за „Фронтлајн“ портпаролката Марија Митева, со будност ги следи случувањата во регионот, тензиите меѓу Србија и Косово, случувањата во Босна и Црна Гора и апелира до Владата да ги заштити државните интереси.

– Со будност ја следиме состојбата, апелираме до Македонската власт да ги заштити интересите на државата, вели за „Фронтлајн“ – портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Запрашана дали блокадатат на уставните измени е во интерес на руските интереси во Северна Македонија, таа со одговор дека уставните измени под бугарски „диктат“ исклучиво се во корист на 80 % на граѓаните.

– ВМРО ДПМНЕ препознава склоност на одредени сили да бараат светски заговор за глупоста на власата. Спречувањето на уставните измени под бугарски диктат е исклучиво во корист на 80 % од граѓаните на Македонија, кои се изјаснуваат дека се против вакви уставни промени, изјави Митева за „Фронтлајн“.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ацо КабрановБлагојче АтанасоскиВМРО-ДПМНЕРусијауставни измени

НАЈНОВО

Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

May 19, 2025

Низа земјотреси на грчкиот остров Евија – најсилниот 4,5 степени

May 19, 2025

Рубио: Првите разговори меѓу Русија и Украина не беа целосно губење време

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk