ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветен на израелско-палестинскиот конфликт

October 10, 2023 09:25
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат вонреден неформален состанок посветен на „последиците од најновиот развој на настаните во Израел и во регионот“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Најавувајќи го министерскиот состанок, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на платформата Х (Икс) наведе дека шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе го разгледаат одговорот и следните чекори на ЕУ на последните случување и ќе ја преразгледаат развојната помош за палестинските територии.

– Свикав итен состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со ситуацијата во Израел и во регионот, наведе Борел, кој се наоѓа во оманскиот главен град Мускат, каде денеска ќе се одржи состанок на Советот за соработка меѓу Европската Унија и Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ).

Борел, исто така на Х (Икс), објави дека во текот на вчерашниот ден имал средби со неколкумина високи владини претставници на земјите од регионот на Персискиот Залив, меѓу кои и со министрите за надворешни работи и за султанската канцеларија на Оман, Саид Бадр Ал Бусаиди и генерал Султан Ал Номани, со шефот на кувајтската дипломатија шеикот Салем Ал Сабах и со катарскиот државен министер за надворешни работи Солтан бин Саад Ал Мураики, со кои разговарал за ситуацијата во Израел и палестинските територии, како и за други регионални прашања.

Итно да се приклучиме на меѓународните напори за запирање на насилството и спречување на регионалната дестабилизација… Треба да се работи неуморно за да се смени опасната динамика, наведе Борел во објавата, додавајќи дека ЕУ сака поблиска соработка со партнерите од реонот на Персискиот Залив.

Портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано на вчерашниот редовен пладневен брифинг информира дека министерскиот состанок на ЕУ ќе се одржи во мешан формат, при што дел од шефовите на дипломатиите ќе присуствуваат во живо на заседанието во Мускат, а останатите ќе се приклучат онлајн.

Стано истакна дека ЕУ го признава правото на Израел на самоодбрана при сегашниот напад од страна на исламистичкото движење Хамас, но дека при тоа мора да го почитува меѓународното право. Тој го повика Хамас да ја прекине агресијата и да ги ослободи киднапираните израелски граѓани, со што би започнало придвижување кон одржливо решение за смирување на тензиите на теренот.

– Сакаме Израел и Палестинците да живеат во мир, едни покрај други и да не бидеме сведоци на вакви драматични настани на какви што сме сведоци од саботата, истакна Стано, додавајќи дека она што во моментов го прави Хамас, само му наштетува на палестинскиот народ и на неговата кауза, како и дека ако двете страни не смогнат сили да започнат дијалог, тоа само ќе резултира со поголемо насилство.

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји на платформата Х (Икс) вчера попладне објави дека ЕУ ги суспендира сите исплати за развојна помош за Палестинците до следната одлука, но синоќа Европската комисија соопшти дека поддршката не е суспендирана, туку дека ќе се разговара на таа тема.

– Во моментов нема да има прекин на исплатите, соопшти Европската комисија.

Ваквото соопштение уследи откако Министерство за надворешни работи на Шпанија, која е актуелен претседавач со ЕУ, информира дека шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес го известил Вархеји дека Мадрид не се согласува со одлуката за прекин на развојната помош за Палестинците поради нападот на Хамас врз Израел.

Според шпанското МНР, Албарес побарал за суспензијата на помошта за Палестинците да се разговара на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Вархеји претходно објави дека Европската комисија како најголем донатор на Палестинците, „го разгледува целосно своето портфолио за развој во вкупна вредност од 691 милион евра“.

Сите исплати се суспендирани веднаш. Сите проекти се ставени под ревизија. Сите нови буџетски предлози, вклучително и за 2023 година, се одложени до следната одлука, наведе Вархеји.

Според него, размерот на терор и бруталност против Израел и неговиот народ претставуваат пресвртна точка и работите не може да се одвиваат како ништо да не се случува.

– Сега мора да се постават темелите за мир, толеранција и соживот. Поттикнувањето на омраза, насилството и глорификација на теророт ги затру умовите на премногу луѓе. Ни треба акција и ни треба веднаш, објави Вархеји.

Во судирите, што започнаа во саботата кога Хамас изврши напад врз Израел од територијата на Појасот Газа, што резултираше со возвратни воени акции на израелските сили врз палестински цели, загинаа најмалку 800 Израелци и околу 500 Палестинци.

Tags: ЕУизраелПалестинци
Next Post
[Photo credit: crimefeed.com]

Заедничка изјава на ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите треба да им се стави крај еднаш засекогаш

Shortcut

Најново

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk