ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина: Руската војска истрела 514 гранати на Херсон, убиени се двајца; 82 деца евакуирани од Доњецк

October 30, 2023 10:19
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Терминалот Нова Пошта во Коротич, во областа Харкив, уништен во руски ракетен напад на 21 Октомври

Терминалот Нова Пошта во Коротич, во областа Харкив, уништен во руски ракетен напад на 21 Октомври

Share on FacebookShare on Twitter

Руската агресија врз украинските цивилни објекти и унфраструктура во повеќе региони во Украина во изминативе 24 часа според извештаите на Укринформ, резултира со цивилни жртви, повредени, унишени домови и евакуирани деца.

Руската војска истрела 514 гранати врз регионот Херсон во изминатите 24 часа, при што загинаа двајца. Петмина се повредени од кои една 86 годишна жена. Почина уште еден од повредените при рускиот ракетен напад на терминалот Нова Пошта извршен на 21 октомври. Уште 82 деца се евакуирани од областите Бахмут и Покровск во регионот Доњецк.

Гранатиран објект во регионот Херсон.

Руските трупи извршија 95 гранатирачки напади врз регионот Херсон во изминатите 24 часа, при што загинаа две лица, објави на Фејсбук Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација.

„Во текот на изминатите 24 часа, непријателот изврши 95 гранатирачки напади, испукајќи 514 гранати од минофрлачи, артилерија, Град МЛРС, тенкови, дронови и авиони. Непријателот истрела 46 гранати врз градот Херсон“, рече тој.

Според Прокудин, Русија извршила 42 бомбашки напади КАБ врз населените места во регионот Херсон, вклучително и во областите Берислав и Херсон.

Тој рече дека руската војска гаѓала населени места, простории на медицинска установа, територија на образовна институција во областа Берислав и центар на заедницата во Херсон.

Две лица загинаа, а четворица се повредени како резултат на руска агресија, додаде Прокудин.

Тој утрово изјави дека „руските сили утринава гранатираа населени места во јужниот украински регион Херсон, при што рани 86-годишна жена.

Прокудин објави фотографија од Новоберислав каде руската војска фрлила четири наведувани бомби, при што биле оштетени домови и помошни објекти.

Оштетена куќа во руско гранатирање на Новоберислав

Еден од повредените при рускиот ракетен напад на терминалот Нова Пошта на 21 октомври, почина во Харкив, објави на Телеграм, шефот на Регионалната воена управа на Харкив, Олех Синиехубов.

„Дваесет и петгодишен маж кој беше хоспитализиран како резултат на окупаторскиот напад на терминалот Нова Пошта утрово почина во болница. Наше сочувство до семејството и пријателите! Така, рускиот удар ги однесе животите на седум лица. Уште 12 се на лекување, двајца од нив се на интензивна нега“, изјави Синиехубов.

Вечерта на 21 октомври руската армија истрелала два ракети С-300 на терминалот Нова Пошта во Коротич, во областа Харкив.

Евакуирање на деца од регионот Доњецк

Уште 82 деца се евакуирани од областите Бахмут и Покровск во регионот Доњецк, изјави вршителот на должноста началник на регионалната воена управа на Доњецк, Ихор Мороз на Фејсбук.

„Од денес (29 октомври 2023 година), 82 деца се веќе евакуирани. Тринаесет од нив се евакуирани денеска, заедно со нивните родители или законски старатели. Во меѓувреме, вкупно 213 лица допрва треба да бидат евакуирани.“, напиша Мороз.

Ј. Ѓ.

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post

Премиерот Ковачевски ја пречека фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk