Историската реминисценција е битна, вели проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, во ексклузивно мега интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ.
„Во онаа најтврдата историја, вие имате линии на македонската модерна. А модерната во овој случај значи на некој начин обескорување на етничките традиционалистички вокабулари и поставување на државата на едно ново ниво, ниво на граѓанствена модерност и уставен патриотизам и тоа се одразува на институциите проектирани во уставот. Тоа е приказната што требаше да има илустрација во тие мали историски реминисценции“, рече проф. Фрчкоски.
„Белешки за македонскиот конституционализам, концепт на Уставот од 1991 година“ во издание на ЦИВИЛ, е нова книга на проф. д-р Данаилов Фрчкоски. Одличен повод за интервју со Авторот, што ќе фрли светлина на ова значајно издание кое доаѓа во критичен општествено политички момент за нашата земја.
Во интервјуто со овој врвен македонски интелектуалец и политички деец за медиумската платформа на ЦИВИЛ, ќе прочитате ексклузивни податоци за историјата на македонскиот конституционализам и за турбулентните денови на раѓањето на македонската независна држава, кога се создава и самиот Устав.
Д. М.