ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Според Изветајот на ЕК, нотиран прогрес во 81 отсто од поглавјата, нема назадување во ниту едно

November 8, 2023 16:10
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата, додека нема назадување во ниту едно. Дополнително, 90 отсто од поглавјата се соодветно ниво на подготвеност, се посочува во Извештајот на Европската комисија.

Во однос на основните човекови права, останува оценката на ЕК дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите.

Во делот на слобода на изразување и медиуми, и оваа година ЕК нотира дека генерално, опкружувањето е поволно за слободата на медиумите и дозволува критичко медиумско известување. Со измените на КЗ и новиот Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда се зголеми правната заштита на новинарите.

За функционалност на демократските институции Европската комисија посочува дека е потребно да има конструктивен и инклузивен политички дијалог во Собранието, особено за реформите поврзани со ЕУ. Се укажува на потребата да се донесат уставните измени, како и обврските од Дијалогот „Жан Моне“.

Во однос на економските критериуми, има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Северна Македонија успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност. Во услови на криза Владата ги поддржа домаќинствата и бизнисите преку големи енергетски субвенции, даночни намалувања и насочена директна поддршка на приходите. Предизвиците остануваат во делот на спроведување на Законот за буџет, управувањето со јавните финансии, справувањето со сивата економија и прафискланите давачки, недостатокот на работна сила.

Во Извештајот на ЕК, се посочува дека Северна Македонија се покажа како доверлив партнер и дека е постигнат добар напредок со одржување на целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и на меѓународно ниво.

Северна Македонија има одлични добрососедски односи и активно учествува во регионалните иницијативи, се вели во Извештајот на ЕК.

Се истакнува активното учество на земјава во регионалните иницијативи како Берлинскиот процес и Отворен Балкан.

Од ЕК истакнуваат дека земјава исто така продолжи да развива добри односи со останатите земји кои се во процесот на пристапување.

Токму регионалната соработка е и услов за пристапување до единствениот европски пазар пред полноправното членство, согласно новопрезентираниот План за раст. Планот предвидува можност за пристап до заедничкиот пазар на ЕУ пред полноправното членство, што значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на Единствениот Европски Пазар.

Ваквиот план на Европската комисија е скроен по барање на земјите од Западниот Балкан, со цел да се искористат привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите.

Според Извештајот постоечките билатерални договори, како Преспанскиот договор и Договорот за добросоедство со Бугарија и вклучителни протоколи треба да продолжат да се спроведуваат од сите страни.

Tags: ЕУизвештај на ЕК
Next Post

Самит на Г7: Блокот уверува дека поддршката за Украина нема никогаш да престане

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk