ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аналитичарите се сомневаат во коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ

November 14, 2023 12:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Историјата на ВМРО-ДПМНЕ пред и по 1990 година, кога беше официјализирана како политичка партија, се карактеризира со антиалбанска политика. Врз основа на минатото но и сегашното раководството на овој политички субјект, афирмативните изјави кон политички опозициони партии на Албанците – гласачкото тело на Албанците генерално ги доживува како политичка колонијализација од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, вели политичкиот аналитичар Дритон Зенку за „Фронтлајн“, коментирајќи ги изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека доколку победи на следните парламентарни избори, преференција му се партиите од албанскиот опозициски блок: Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива.

– Ваквите изјави нè враќаат во минатото на монистичкиот систем каде имало послушни и добри Албанци. Пофалбите на ВМРО-ДПМНЕ но и на другите македонски субјекти, не поминуваат кај албанскиот електорат и тоа е докажано во минатото. Нормално, албанскиот електорат го прифаќа како точно спротивното од она што го кажува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Затоа, мислам дека ваквите изјави се најлошата услуга што може да им се направи на албанските политички партии, анализира Зенку.

Зборувајќи за противењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, а со тоа и да го попречува патот на државата кон ЕУ, Зенку констатира дека со ваков политички, антиевропски потег, Мицкоски може да ги изгуби помалите партнери од партиите на помалку бројните заедници кои се во неговата коалиција. Зенку ова констатација ја базира на истражувачките податоци според кои Турците, Бошњаците, Ромите и др., се во огромен број за побрза интеграција на државата во ЕУ.

– Убеден сум дека не само кај коалициските партнери, туку и кај ВМРО-ДПМНЕ владее проевропски дух. Во ВМРО-ДПМНЕ има железна управувачка рака која ја потиснува проевропската мисла. Се сеќавате на заверените изјави на пратениците?! Може да има сè, но само не демократија. Затоа, постои можност за раскол во македонската опозициска коалиција, но и во самата ВМРО-ДПМНЕ, што се однесува до уставните измени и европското патешествие на државата, потенцира тој.

Ацо Кабранов – долгогодишен новинар, констатира дека опозицискиот блок на Албанците и без јавна поддршка на Мицкоски, на јавноста ѝ е јасно дека работи по планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако тој веќе и јавно им ветува дека ќе ги земе во власт без разлика што најверојатно ќе изгубат од ДУИ на изборите, јасно е дека работат по планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Лошо е за нив што уште на почеток, од авион се гледа кој ги команда и за жал веќе како што слушам и читам ги нарекуваат „пудлиците“ на Мицкоски. Тие не нудат своја програма, проекти за да ги привлечат граѓаните туку единствено плукаат по ДУИ. Мислам дека тоа нема да им донесе резултат на изборите, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.

Политичкиот аналитичар Урим Салиу оценува дека минатото покажало дека рејтингот на секоја партија на Албанците што ја имала поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, се намалил кај нејзиниот електорат.

– Партијата на Мицкоски е на иста линија со нивните претходници и во одредени моменти сакаат преку повици да обезбедат апсолутна победа која никој не може да ја условува. Тоа го прават со повторениот повик за 61 пратеник. Од друга страна, без разлика и отворено го поддржува опозицискиот блок, тоа има спротивен ефект врз албанскиот електорат. Така, Мицковски повеќе ја оштетува албанската опозиција отколку што и помага. ВМРО ДПМНЕ повеќе е заинтересирана за власт отколку за коалиции, но таа има стара огорченост со одредени албански партии. Тестот за ВМРО-ДПМНЕ пред сè сега е со уставните измени. Се ближи денот Д, вели Салиу во изјава за „Фронтлајн“.

Челниците на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека нивни омилени партнери доколку победат на претстојните парламентарни избори се партијата на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, без разлика каков ќе биде нивниот резултат на изборите. Од друга страна, без разлика каков ќе биде резултатот на изборите на ДУИ – партијата на Али Ахмети, дури и да излезе победничка партија во политичкиот блок на Албанците, за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски коалицијата со Али Ахмети е невозможна.

Дестан Јонузи

Tags: АхметиГашиКасамиМеџитиМицкоски
Next Post

Меџити: Со воведувањето на новите протоколи во примарна здравствена заштита до подобро следење и мониторирање на пациентите со дијабетес од страна на нивните матични лекари

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец за Фронтлајн: Изборниот модел ја храни етничката и партиската поделба

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk