ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Што предвидува планот за реконструкција на железничката пруга од Ниш до македонската граница?

December 3, 2023 13:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија најави ран јавен увид во врска со изработката на просторниот план на подрачјето за посебна намена на инфраструктурниот коридор на железничката пруга Брестовац – граница на Република Северна Македонија, објавија српските медиуми.

Овој план предвидува реконструкција на железничкиот коридор од Ниш до македонската граница, како и изградба на повеќе од 60 моста, два тунела, како и изградба и реконструкција на згради на станици лоцирани на трасата.

Реконструкцијата и модернизацијата на едношинската пруга, долга околу 132 километри од Брестовац до границата со Северна Македонија, подразбира нова изградба или реконструкција на сите објекти на трасата.

На делницата Брестовац – Грделица, долга околу 34 километри, предвидено е да се изградат седум мостови и да се реконструираат или да се изградат четири станици.

Од Грделица до Сува Морава, на делница долга 33 километри е предвидена изградба на 22 моста, изградба на два нови тунела и реконструкција на еден постоечки тунел, како и реконструкција или изградба на четири станици.

Делницата Сува Морава – граница на Северна Македонија, долга околу 65 километри, според планот треба да има 24 моста, а предвидена е реконструкција или изградба на девет станици.

На сите делници се планирани денивелирани вкрстувања со патната мрежа. Проектираната брзина е до 160 километри на час.

Неодамна, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ и министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси меѓу ресорните министерства на двете земји.

Меморандумот предвидува имплементација на проектот за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе бараат средства од Европската унија, објави веб-страницата на српската Влада.

Весиќ претходно најави дека во тек е проектирањето на делницата Ниш – Прешево, долга 135 километри, а Бочварски најави дека ќе се проектираат околу 50 километри од Скопје до границата со Србија.

Tags: железничка пругамакедонска границаНишпланреконструкција
Next Post

Богоев: Граѓаните ќе одлучат меѓу концептот на СДСМ кој води кон европеизација и концептот на ДПМНЕ и Левица кој води кон изолација

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk