„Опозициската ВМРО ДПМНЕ е крајно деструктивна“, вели во изјава за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, коментирајќи ги опструкциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, блокадата на работата на Собранието, противањето за одобрување на уставните измени и опструкциите што и ги прават на техничката Влада.
– Ако судиме во димензијата на однесувањето како политичка култура, овие постапки на ВМРО-ДПМНЕ треба да се оквалификуваат како крајна деструктивност. Да се стане дел од техничката Влада и да се највува ужас е апсурд. Јасно е дека се плашат од најавениот широк Европски фронт кој според сите прогнози ќе биде победник на изборите, што значи победник и на претседателските и на парламентарните избори. Затоа ги манифестираат своите нервозни изјави – антиалбански и антизападни националистички. Кога ќе се направи грешка, за жал свесно, под влијание на руско-српските и руско-бугарските структури, тогаш граѓаните со право на глас ја даваат казната со слободен глас за да си ја отворат европската перспектива, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.
Дестан Јонузи
Поврзано: