Пишува: ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Загреб…Хрватска
Израснав со баба ми и дедо ми.
Од денешна гледна точка тоа е најубавата можна градинка на светот.
Тие ме чуваа додека моите беа на работа. Дедо ми беше газда у куќа, што тој ќе каже така мора да биде.
Беше гласен, пргав, пис на уста, и со голема душа…така и се викаше…Душан. Т
ака тогаш сите мислевме., дека тој е главниот.
Сега кога ќе се присетам…парите ги чуваше баба ми Мара у едно креденче у спалната соба. Она му даваше пари и гледаше тоа да го редуцира за овој да не носи некои непотребни работи од пазар, ама тој секогаш имаше по некоја резерва во џебот, па така никогаш не се врати од пазар без, на пример, спавача или некои папучи за баба ми…и цвеќе.
Баба ми беше кротка, мирна жена, одлична готвачка, смирена, одмерена.
Иако не го напушташе својот дом, сем во ретки прилики, секогаш беше пристојно облечена. Имаше некои изливи на негодување кога дедо ми ќе претераше и некои пцовки кои никој не ги разбираше.
Да, беше од Хрватска па знаеше да каже нешто замумуљано, да прогунџа и да влезе у кујна.
Навечер, пред да легне, имаше една мала икона, пред која таа ја кажуваше молитвата…
„Боже наш који јеси на небесима”…да на хрватски.
Нив одамна ги нема…прво дедо ми. А баба ми…Таа од тој ден легна во кревет и више никогаш не беше онаа истата.
Беше болна, ама ни еден лекар, сем високиот притисок, не утврди некоја болест за која би и препишал лек.
Тој лек, Душан го однесе со него.
Веројатно се сакаа многу ама тогаш, во тоа време, љубовта си ја покажуваа така да никој од нас тоа не го гледал.
Најверојатно преку тие нивни мали кавги, погледи, купувањето на цвеќе, постојаното опоменување на баба ми да не ја труе со цигарите… Таа не можеше да продужи без него и едноставно реши да замине од овој свет…сакаше да биде со него.
Јас служев војска, сосема случајно, во Загреб.
Тоа е еден прекрасен град. Како што велат Госпон Загреб.
Баш таков. Елегантен, дотеран, чист, со манири…Господин Загреб.
Тоа за нас кои тоа го гледавме од тука, изгледаше надмено и ладно.
После прејдени 1000 километри гледаш дека се работи за бескрајно топол, гостопримлив свет само со различни навики од нашите. Имав прилика да се уверам у тоа. Имало ситуации кои ми изгледаат нестварни.
Како на пример да седиме двајца на маса, у нивниот Младински Културен Центар, и да праша дали е слободно за сјест Жељко Малнар и да ли че нам смјетати његов пас? (огромен германски овчар) да разговара со нас како да се знаеме 100 години.
Или да стојам до масата за билијард и да дојде човек да ме праша ако нема со кого да играм дека би можеле да одиграме една партија – Раде Шербеџија.
Аки Рахимовски беше инвентар у МКЦ и уште многу познати фаци.
Имаше безброј случки…од частење во кафана до пеење со улични свирачи и собирање на народ околу нас како на некој мини концерт.
Така паднаа у вода сите стереотипи за ладен народ бла, бла… Ладни, будали, глупи има сегде кај и да отидеш. Важно е дека ние бистрооките уште се препознаваме.
– Наставиче се..