ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Агелер со порака до македонските граѓани: Изборите се предизвик, се надевам со нивната одлука ќе ја доближат земјата до целосна интеграција во ЕУ

February 27, 2024 16:30
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Share on FacebookShare on Twitter

„Се надевам дека дискурсот на кампањата ќе се фокусира на проблемите, а не на лични напади бидејќи верувам дека луѓето се уморни од негативноста. И тогаш гласачите ќе можат да направат избор меѓу оние кандидати за кои веруваат дека најдобро ќе им помогнат да ги остварат своите надежи и соништа за себе, за нивните деца и за нивното општество. И навистина се надевам дека овие одлуки ќе ја доближат оваа земја до целосна интеграција во Европската Унија“, вели Агелер во изјава за порталот Пресонлајн.ал

Изборите се предизвик за секоја земја, тие претставуваат можност гласачите да им покажат на кандидатите и на раководството на идната влада – која и да биде – како сакаат да изгледа иднината на оваа земја, вели амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, во изјава за порталот Пресонлајн.ал.

Таа нагласува дека владините институции треба да воспостават процеси за слободни и фер избори за претседателските и парламентарните избори.

„Гласачите мора да се едуцираат за прашањата преку веродостојни извори на информации, препознавање и отфрлање на дезинформации и манипулации. А потоа, најважно, гласачите мора да гласаат! Демократијата функционира кога сите ние го правиме својот дел“,

потенцира Агелер.

Моите очекувања за изборите, додава таа, се исти како оние на гласачите во Северна Македонија, дека целиот процес, од периодот на кампањата, до формирањето на идната влада се одвива на транспарентен начин што обезбедува слободни и фер избори.

„Кога би можела да дадам една препорака до кандидатите од целиот политички спектар, тоа би било да запомнат дека овие и сите избори се за граѓаните на оваа земја. Тие се за иднината на која оваа земја и нејзините граѓани се надеваат и ја заслужуваат. Затоа се надевам дека дискурсот на кампањата ќе се фокусира на проблемите, а не на лични напади, бидејќи верувам дека луѓето се уморни од негативноста. И тогаш гласачите ќе можат да направат избор меѓу оние кандидати за кои веруваат дека најдобро ќе им помогнат да ги остварат своите надежи и соништа за себе, за нивните деца и за нивното општество. И навистина се надевам дека овие одлуки ќе ја доближат оваа земја до целосна интеграција во Европската Унија“, вели Агелер за Пресонлајн.ал.

Tags: Анџела АгелерЕУизбориСАДСеверна Македонија
Next Post

МОН: Повисоки плати за вработените на УКИМ за 22 отсто, почнува примената на новиот колективен договор

EVN

НАЈНОВО

Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

April 16, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија: Сомнежи за перење на 2,85 милиони евра преку фиктивни реклами

April 16, 2026
Илустрација Фронтлајн

Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk