ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: И по 26 години Специјалното обвинителство нема обвинение за масакрот во Преказ; КФОР мора да обезбеди безбедност пред и по „критичните избори“ на северот на Косово

March 8, 2024 12:21
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа  26 години од масакрот во Преказ . Но, за настанот кој го смени текот на историјата на Косово, се уште нема обвинение, иако од Специјалното обвинителство беше кажано дека почнало истраги уште во 2019 година, пренесува „Заклетва на правдата“, пишуваат косовските медиуми.

Претстојните избори во северниот дел на Косово со мнозинство српско население претставуваат можност за силите на НАТО (КФОР) да го имплементираат постојниот мандат, заштитувајќи го интегритетот на изборите преку помагање на косовската полиција во обезбедувањето безбедност, особено имајќи го предвид ризикот од избувнување на насилство по неодамнешните тензии.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ИНА: Специјалното обвинителство  26 години подоцна нема обвинение за масакрот во Преказ

Бројни српски паравоени сили го опколија семејството Јашари во Преказ, Скендерај, во 1998 година. вклучувајќи деца, жени и стари лица.

Поминаа 26 години од овој напад. Но, за настанот кој го смени текот на историјата на Косово, се уште нема обвинение, иако од Специјалното обвинителство беше кажано дека почнало истраги уште во 2019 година, пренесува „Заклетва на правдата“.

Поранешната специјална обвинителка Дрита Хајдари изјави дека во 2019 година почнале истрагите и дека се во фаза на собирање докази.

„Проверив дали случајот е отворен од ЕУЛЕКС или УНМИК или од Хашкиот трибунал и откако сфатив дека нема отворен случај, решив да отворам истрага со цел да се разјасни овој случај и кривичната одговорност за воените злосторства во овој конкретен случај“, изјави таа во медиумите.

Контактирана сега, Хајдари рече дека бидејќи повеќе не е обвинителка, нема надлежност да одговара на оваа тема.

Но, во одговор за „Заклетва на правда“, главниот обвинител на ПСРК, Блерим Исуфај, вели дека не поминало многу од официјалното отворање на истрагите, пренесува ИНА.

Перископи: КФОР мора да обезбеди безбедност на Косово пред и по „критичните избори“ на северот

Претстојните избори во северниот дел на Косово со мнозинство српско население претставуваат можност за силите на НАТО (КФОР) да го имплементираат постојниот мандат, заштитувајќи го интегритетот на изборите преку помагање на косовската полиција во обезбедувањето безбедност, особено имајќи го предвид ризикот од избувнување на насилство по неодамнешните тензии.

Лук Џејмс, експерт за човекова заштита и безбедност, во неодамнешната анализа за претстојниот изборен процес во четирите северни општини на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – пишува дека КФОР мора да биде подготвен да понуди безбедност во одбрана на демократските изборен процес, гарантирајќи ги трите основни слободи на човековата безбедност, пренесе Перископи.

Зери: ЦИК денеска расправа за проверка на потписите за разрешување на градоначалниците на северот

Се очекува денеска Централната изборна комисија да одржи состанок на кој ќе се разговара и за проверка на потписите за разрешување на градоначалниците во четирите општини на север.

Во дневниот ред за состанокот, кој е закажан да започне во 13 часот и 30 минути, е и точката „Извештај за проверка на претставките пристигнати до собранијата на општините Лепосавиќ, Зубин-Поток, Звечан и Северна Митровица“, пренесува Зери.

АЛБАНИЈА

Опинион: Се бара  укинување на безбедносната мерка „куќен притвор“, одложено рочиштето за Сали Бериша и неговиот зет

ЃККО повторно го одложи рочиштето за поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Jамарбер Малтези.

Следната седница се очекува да се одржи на 12 март, во 15 часот.

Адвокатите побараа време за да се запознаат со двомесечната информација што СПАК ја поднесе во судот во врска со истрагите за приватизацијата на поранешниот комплекс „Партизани“, пренесе Опинион.

КОЛУМНА

Дечанскиот манастир како пресвртница

„Регистрацијата на имотот на Манастир веќе се чини дека е пресвртница за Косово на многу начини. Секако, првото е поврзано со владеењето на правото: државните агенции мора да ги почитуваат судските одлуки, згора на тоа оние од највисоката инстанца како што се Уставниот суд и Катастарската агенција на Косово заедно со таа на Дечан, предмет на ова државно ниво, мора да ја спроведе оваа одлука.

Втората е поврзана со чувството на меѓусебна почит и правна сигурност што треба да го имаат мекосовските власти меѓу себе и братството на Дечанскиот манастир и воопшто Српската православна црква.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Дечанскиот манастир како пресвртница“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Демири: Нашите хероини неуморно работат за поквалитетен живот на сите нас

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk