ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Цензусот виси на конец – Гласовите на Османи и Таравари можно е да се пресудни

May 2, 2024 16:20
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат уште неколку дена до претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај, но останува и дилемата дали може да се постигне потребниот цензус од 40 посто излезност.

Според ДИК на првиот круг од претседателските избори гласаа 828, 402 гласачи, односни излезноста беше 48 посто, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова успеа да направи разлика од 180 илјади гласови, односно доби 363, 086 гласови, наспроти претседателскиот кандидат Пендаровски поддржан од СДСМ со 180.500 гласови.

За избор на претседател во вториот круг потребен е цензус, односно на нив треба да излезат и да гласаат најмалку 40 отсто од граѓаните запишани во единствениот избирачки список, односно бројка поголема од 720 илјади од запишаните избирачи во избирачкиот список.

Пендаровски и Давкова со повик за што повеќе излезност на изборите

И двајцата кандидати за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова се на ставот дека граѓаните треба да излезат на гласање на 8 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателскиите избори.

Силјановска-Давкова рече дека е антиевропски чекор доколку не се случи потребната излезност од 40 проценти во вториот круг од претседателските избори, а Пендаровски дека мора да се почитува Уставот, иако смета дека не би требало да има долен праг.

„Доколку не се случи излезноста од 40 проценти, тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор, бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР по најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 отсто оти кога одат двајца, еден треба да биде избран со релативно мнозинство, посочи Силјановска Давкова.

Според Пендаровски, не станува збор дали некој кандидат бара или не бара бојкот, туку за уставна одредба што мора да се почитува, а во која се вели дека 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да има валиден претседател.

„Овде станува збор за, за жал, уставна одредба која мора да се почитува, а која вели 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да имаме валиден претседател. Јас сум да менуваме Устав и да немаме долен праг, затоа што кој сака да гласа има право да гласа, тоа никому не му е оневозможено“, посочи Пендаровски.

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски, кој во првиот круг од претседателските избори освои 83, 856 гласови реќе дека официјален став на ЗНАМ е дека врвен државен приоритет на овие избори е да се избере претседател на Македонија, со цел да се оневозможи институционална блокада и политичка криза во земјата.

„Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на 8 мај и да гласат и за претседателски и за парламентарните избори. Да гласаат по сопствено убедување“.

Албанските партии неодлучни за вториот круг на претседателските избори

„Европскиот фронт“ и „ВЛЕН“ се уште не одлучиле дали ќе поддржат некој од кандидатите кои ќе се натпреваруваат во вториот круг, a гласовите на Османи и Таравари можно е да бидат пресудни за достигнување на цензусот од 40 проценти излезност.

Бујар Османи од Европскиот фронт во првиот круг освои 121.088 гласови, додека Арбен Таравари од „ВЛЕН“ 83.393 гласа, и ако овие гласови се собираат достигнуват 204.401 глас.

Од коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“, велат дека одлуката за тоа дали и кого ќе поддржат во вториот круг ќе ја носат на лидерско ниво, односно за ова прашање ќе одлучуваат лидерите на четирите партии кои ја сочинуваат оваа коалиција.

Лидерот на „Демократското движење“, Изет Меџити, кој е дел од оваа коалиција одговарајќи на новинарско прашање рече дека дека до нив досега не стигнало барање од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на нивниот кандидат, Гордана Силјановска-Давкова.

„Гласачите што гласаа за Таравари, над 83.000 гласачи, ние ги немаме тие гласови во нашите џебови. Граѓанинот Албанец знае сам да ја даде процени кој заслужува да биде следен претседател. За волја на вистината, разликата меѓу првиот и вториот кандидат е преголема, па вториот круг е повеќе формалност. Можеби и тоа е и причината што до овој момент нема притисок или некое сериозно барање за албанските гласови“, рече Меџити.

Од ДУИ информираат дека се уште не седнале со своите коалициски партнери да разговараат за тоа.

„Тоа ќе биде партиска одлука, но ние сè уште немаме донесено таква одлука. Тоа ќе се знае во наредните денови. Сега сме фокусирани на парламентарните избори и комуницираме со тоа дека сме победници со плус 40 илјади гласови“, изјави Арта Биљали-Зендели од ДУИ.

Што доколку не се постигне цензус?

Членот 81 од Уставот предвидува и што треба се случи доколку цензусот не биде постигнат. Но овој дел не е докрај јасен.

„Доколку и во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“, стои во членот 81. Но, уставотворците не предвиделе рок до кога мора да се распишат новите претседателски избори ако не се исполни цензусот, а предвиделе дека во случај на спреченост, функцијата претседател ја врши претседателот на Собранието (член 82).

Само за потсетување со завршувањето на претседателските избори, почнаа и шпекулациите за идната влада уште пред да се одржат парламентарните избори. Со резултатот од првиот круг на претседателските избори и разликата од 180 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ стави до знаење дека ја претпочита партијата ВЛЕН за владин партнер, а од Европскиот фронт велат дека тие се победници на изборите кај албанскиот блок и не може да се игнорираат, односно да се запостави Бадентеровото гласање. Како проблематично се појавува и изјавата на Давкова за хашките случаи од 2001 година, на што реагира сите албански партии.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Арбен ТаравариБујар ОсманиВЛЕНГордана Силјановска Давковаевропски фронтпретседателски избориСтево Пендаровски

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk