Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Хрватска по 11 години членство во ЕУ: Бруто домашниот производ порасна од 55 на над 65 милијарди евра во 2022 година; невработеноста падна од 17 на 6 на 7 отсто; годишните плати во Хрватска се речиси исто толку високи како во Полска и Унгарија; покрај тоа, оваа земја добива многу европски пари, само во периодот од 2021 до 2027 година ќе исцрпи 30 милијарди евра од фондовите на ЕУ.
Епа, ние ги избравме Силјановска – Давкова, Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и изолација. Епа Хрватска и ова лето ќе ја преплават сезонски работници од Северна Македонија, епа оние кои не успеаја со бугарски пасош да заминат „на арбајт“ во Германија.
Епа, во рангирањето на World Population Review, Македонците со коефициентот на интелигенција е 81,91се меѓу оние со најниска интелигенција на Балканот.
Епа, според извештајот на ОЕЦД од 2022 година, 93,4 проценти од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, што значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот, додека 63 отсто од нив се без основно или со незавршено основно образование.
Епа, дури две третини од младата популација во Македонија е функционално неписмена, според извештајот на Светска банка за Западен Балкан од 2017 година. Од 70 земји во светот, Македонија се наоѓа на 68. позиција, пред Косово и Доминиканска Република, според овој податок.
Епа, државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“– Скопје (од каде произлегуваат прфесор(к)ите Каракамишева, Силјановска – Давкова, Ванковска, Мицкоски – татко и син, поранешниот ректор Велимир Стојковски), е рангиран на 1.990 место на ранг листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година на Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR).
Епа, на Шангајска листа на овогодинешното рангирање на 1.000 високообразовни институции, епа нема рангирано ниту еден македонски универзитет.
Епа, Македонче, епа чорба.
Преземено: Цивил Медиа