ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборите во ЕУ – мета на руската пропаганда во македонските медиуми

June 11, 2024 15:48
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Веќе извесно време во дел од македонските медиуми се води засилена руско – српска пропаганда, која дополнително се интензивираше по изгласувањето на резолуцијата за Сребреница, и пристигањето на западната помош за Украина и одобрувањето на „ограничено“ користење на западното (американско) оружје врз воени цели на руска територија, таа особено стана активна пред и за време на изборите во Европската унија, преку зголемениот бран лажни вести на Интернет во обид да влијае врз гласањето пред парламентарни избори за Европскиот парламент, за што предупредуваа претставниците на ЕУ и експертите за дезинформации.

Како што пишуваше тогаш ЦИВИЛ Медиа, европратениците по откритијата за обиди од страна на Кремљ за вмешување и поткопување на европските демократски процеси, усвоија резолуција со која го повикаа политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање.

Сега истиот тренд продолжува и по објавените резултати од гласањето за еврпскиот парламент во неделата.  Како што забележа Мониторинг тимот на Цивил, некритички се пренесува навредливата изјава на претседателот на Државната дума на Русија, извесен Володин: „Макрон и Шолц се срам за Европа“, во која ги коментира резултатите од Европската Парламентарни избори (ЕП), објавени од рускиот пропагандистички канал Спутник…

…како и објавата на заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев на Икс во која со непримерен говор ги пензионира Шолц и Макрон и ги испраќа на ѓубриштето на историјата.

Настрана што коментарите доаѓаат од високи политички претставници на земја во која се задушени повеќето основни човекови права, меѓу кои и оние за фер и демократски избори, а на „неподобни“ противкандидати не им се дозволува учество во изборниот процес, а некои од нив завршуваат во затвор, кој на крајот, резултира со „ненадејна“ смрт, тука се споделуваат нивните паушални тврдења и навредувачкиот говор на омраза во функција на руската пропаганда дека во ЕУ ( кон чие членство се стреми и нашата земја) економијата стагнира, има миграциска криза, а земјите, според „рускиве експерти за европски прашања“, спротивно на нивните национални интереси, се вовлечени во војната во Украина, а „неспособната, идиотска економска и имиграциска политика на Шолц и Макрон кои ги поддржуваат националистичките власти во Украина по цена на животите на сопствените граѓани“.

Тука мора да го надополниме она кое при некритичкото пренесување на вести и изјави од руски извори овие македонски медиуми одбегнуваат да го именуваат со вистинското име – руската војна во Украина, што започна со целосната, неиспровоцирана руска агресија врз Украина пред три години.

Карактеристично за овие македонски портали е што според вообичаената пракса, пропагандистичките објави од Кремљ пренесени од руски извори, инаку забранети да емитуваат на територијата на нашата земја, се објавуваат речиси синхронизирано, во содејство со колегите од медиумите од соседна Србија,

Изјавите на некојси руски функционери, ирелевантни за ЕУ и за нашата земја, но во функција на анти-ЕУ и антизападните наративи на руските пропагандисти,  во про-рускиот дел од македонските медиуми се објавуваат интегрално, некритички и непотврдени, со единствена цел да ги девалвираат придобивките од европските демократски процеси и да ја поткопаат евроатлантската определба на Северна Македонија.

Преземено: Цивил Медиа


Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил
Tags: ЕУ изборимакедонски медиумируска пропаганда во Македонија
Next Post

Хамас ја прифаќа резолуцијата на СБ на ОН за прекин на огнот во Појасот Газа

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk