За разлика од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Алекасандер Николовски, кој изјави дека ќе се укине функцијата прв вицепремиер, неговиот коалициски партнер, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити вели: „Имаме договор со мандатарот Мицкоски, прв вицепремиер ќе постои и ќе бидам јас!“
-Како ВЛЕН имаме договор со мандатарот или со идниот премиер да имаме прв вицепремиер, изјави Меџити.
Со измените и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија (Сл. весник на РМ бр. 215/2020), се воведе функцијата „Прв вицепремиер“.
Идниот вицепремиер и министер за екологија Изет Меџити на промотивната конвенција на вработените во извршната власт вети дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност.
– Балансерот ќе биде заменет со законот за правична застапеност. Со ова, застапеноста ќе стане законска обврска, рече Меџити.
Укинување на балансерот е и дел од владината програма.
Дестан Јонузи