ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Без „Северна“ – Македонија меѓу гаранции и санкции!

June 28, 2024 09:04
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Еуфоријата на големата победа на ВМРО ДПМНЕ ќе почне да стивнува и сите тие ветувања кои беа ирационални и без основа ќе почнат постепено да ги повлекуваат, бидејќи е јасно дека – Преспанскиот договор е завршена работа и дека е смешно да се употреби постојано изразот „нашата држава“, „нашата земја“, што е уште пострашно од порано кога имавме име“ – вели во изјава за „Фронтлјан“, Нано Ружин, поранешниот амбасадор во НАТО, коментирајќи ги јавните судири во триаголникот Скопје, Софија, Атина за (не)почитување на договорот од Преспа и оној за добрососедство со Бугарија.

– Сметам дека треба од Претседателката, преку премиерот до министрите, да го коригират својот однос и да почнат да го употребуват изразот, името на државата – Северна Македонија насекаде. Смешно е да кажете дека вие во приватна комуникација ќе ги користите овие изрази, ваше право е само доклку се откажувате од актуелните функции, потенцира Ружин.

Слична е состојбата, додава нашиот соговорник, и со промената на преговарачката рамка.

– Треба да е јасно дека ние немаме проблем со Бугарија, ние имаме проблем со Европската унија. Преговарачката рамка е резултат на договор со Европската унија и овој договор е значаен и тоа ни овозможува да тргнеме напред кон евроинтеграциите – особено во овие моменти кога Молдавија и Украина ги почнуват преговорите. Секој изгубен ден, практично е ден изгубен за нашата држава и наштиот народ. Може да не ги респектирате меѓународните договори, но тогаш ќе се соочите со меѓународни санкции, подвлекува нашиот соговорник.

Според него, тие санкции може да бидат пред сѐ од страна на ЕУ, а може да доведат до влошување на позициите на Северна Македонија, како што истакнува Ружин, во услови кога и Бугарија и Грција се практично обединети во однос на непочитувањето на меѓународните договори од страна на владата.

Партнерите на премиерот Христијан Мицкоски од коалицијата „Вреди“ велат дека има разговори со меѓународниот фактор по прашањето за гаранции.

– Со меѓународниот фактор разговараме за можностите да има гаранции дека нема да има нови барања додека трае процесот. Односно, дека ова ќе биде единственото барање од страна на бугарската држава, од Бугарите, изјави на ТВ 21, Изет Меџити, претседател на Демократското движење и министер за екологија.

ВМРО-ДПМНЕ досега испрати многу јавни пораки на оваа тема и во периодот кога беше опозиција и по доаѓањето на власт. Досега официјални разговори на таа тема немало, барем не обелоденети во јавноста. Првата посета на премиерот Христијан Мицкоски на престолнината на ЕУ се очекува по назначувањата на првите луѓе на европските институции, како што најави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за време на неговата прва работна посета на Брисел.

Во период кога во соседна Бугарија сѐ уште не е формирана влада, а европските институции ги чекаат новите раководители, единствени јавно потврдени разговори што се водат со цел да се најде решение, се со белгискиот независен експерт Питер Ванхауте.

Неговото име е познато во домашната јавност, со оглед дека беше ангажиран од ЕУ како олеснувач за надминување на политичката криза во Македонија во периодот 2015-2016 (преговoрите во Пржино), а по звршувањето на тој мандат доаѓаше и како независен експерт. Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ уште во мај објави дека разговарал со Ванхауте за прашањата меѓу Скопје и Софија.

Дестан Јонузи

Tags: атинаЕУНано РужинНАТОСкопјеСофија
Next Post

Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk