Недоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“ ќе се довршат и во буџетот за 2025 година ќе се предвидат пари за тоа. Но, дали тоа значи дека Владата на чело со Христијан Мицкоски и по една деценија продолжува да го негува и обновува Груевизмот во земјава?
Јани Макрадули поранешен пратеник и висок функционер во СДСМ смета дека судејќи по првите кадровски и пиаровски потези, јасно е дека Груевски сè уште не ја напуштил Белата палата.
Според него, проектот „Скопје 2014“ стана симбол на уништувањето на градот кој сите го сакаме, одземајќи му го неговиот уникатен дух и шарм.
– Неговото продолжување ќе биде уште еден тежок удар врз нашата урбана култура и ново перење на пари. Прашањето што е модерно не треба да биде диктирано од вкусот на еден премиер, туку треба да го оставиме развојот на оние кои своето знаење и експертиза ги посветиле на оваа област. Македонија може да оди напред само ако секој си ја врши работата за која е стручен и посвеген. Ако проектирањето на т.н. ново модерно се случува помеѓу срфањето на фактури за лекови во царина и испраќањето ВИП личности, тешко на градот, изајави Макрадули за „Фронтлајн“.
Д. Јонузи
Поврзано:
Скопје 2014 „ѓавол“ и за буџетот во 2025, Груевски сè уште не ја напуштил Белата палата!