ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Дали кинески пари – преку Унгарија, завршуваат како кредитна линија во Северна Македонија?

September 18, 2024 13:32
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието вчера со 65 гласа „за“ го  изгласа Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка .Со новото задолжување од Унгарија државниот долгот ќе го пробие плафонот од 60%, далеку над дозволениот процент од 60%, алармира македонската опозиција. Вкупниот износ на заемот од Унгарската експорт – импорт банка изнесува 500 милиони евра.

Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) смета дека кредитот од Унгарија е проблематичен по повеќе основи.

– Ова е прв пат државата да се задолжиме директно од друга држава. А државата во овој момент од која се задолжуваме е симбол за недостаток на демократски вредности и симбол на авторитарно владеење, поради лидерот на таа држава Виктор Орбан. И додека од Владата како папагали повторуваат дека се задолжуваат од држава членка на ЕУ и НАТО, веќе реномирани регионални медиуми пишуваат дека сепак се работи за кинески пари, кои ќе бидат дадени преку Унгарија. Кинеските пари во државите од Западен Балкан се исто така симбол за корупција. Зошто не се задолжуваме од реномирани светски финансиски институции? Затоа што они сакаат да знаат за што и дали правилно се трошат парите. Самото ова е доволно за сомнежи, вели Хоџиќ во изјава за „Фронтлјан“.

За жал, додава нашиот соговорник, очигледно е дека ниту Бранко Азески, ниту коалициските партии од Владата, ниту градоначалниците од редовите на Владата, го прашуваат премиерот од каде се парите.

– Нив им е важно да ја одржат својата „машина“ со пари од било кое место, подвлече тој.

И додека од власта се правдаат, вели Хоџиќ, со малата камата на кредитот, се наметнуваат други логички прашања:

– Која е политичката камата која ние како држава ќе ја платиме за унгарско-кинескиот кредит?

– Дали за оваа најавена милијарда евра, на два дела, нашата држава ќе треба да одработи стратешки работи за унграско-кинеската политика на спротиставување на процесите во светот кои ги водат САД, ЕУ, В.Британија, Германија?

– Ние имаме веќе најавен нов унгарски оператор во телекомуникациските услуги, кој треба да дојде на нашиот пазар. Дали е тоа противуслуга за кредитот? Дали унгарскиот оператор работи со кинеска опрема?

– Ова се сега легитимни прашања за кои јавноста треба да добие одговор. Сепак, телекомуникацискиот сектор е дел од критичната инфраструктура на една држава. Ние како држава сме определени кон Западот. После спречувањето на европскиот пат, по овој заем од милијарда евра кинески пари преку Унгарија, веќе на сите им станува јасно дека новата власт забрзано работи на сериозен обид да се менува курсот на државата, нагласи нашиот соговорник.

Македонија ќе се задолжи од унгарската експорт Импорт банка, а според текстот на законот ќе треба да плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската банка. Провизијата од 70.000 евра за правни услуги ќе се плати пред повлекување на првите пари од Ексим банката.

Парите од кредитната линија се обезбедуваат со камата од 3,25 отсто, 15 години отплата и 3 години грејс-период. Ова практично значи дека кредитот ќе се отплаќа до 2039 година.

Владата најави дека 250 милиони евра ќе бидат наменети за финансиска поддршка на домашните компании, а 250 милиони за инфраструктурни проекти за општините.

Средствата од кредитот кој нема да се повлечат ќе се пресметува камата. Договорот за заемот е регулира според законите на Унгарија, а доколку настане спор меѓу двете држави, тој ќе се решава на арбитража пред судот во Хаг.

Дестан Јонузи

Прочитајте и…

Зошто е штетен за државата кредитот од Унгарија?

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЕУКинакредитРусијаУнгарија

НАЈНОВО

Фото: Телеграм канал на Регионалната воена управа на Одеса

Пет лица, меѓу кои и деца, повредени во масовен руски напад со дронови врз Одеса

July 3, 2025
Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk