ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори: „Ако се допре албанскиот јазик, не може да се постават гласачки кутии“?!

March 3, 2025 12:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако се засегнe законот за јазици, нема локални избори и не може да се постават гласачки кутии за да се одржат локални избори. Затоа, секој Албанец мора да стане господар на законот за јазици и да не го политизира, ниту да го проблематизира“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со партиските структури во кумановската општина Липково.

Тој изрази подготвеност за средби и разговори со сите други албански партии, цврсто посочувајќи дека нема да има „пазарење“ за албанското прашање.

Но дали ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори?

Политичкиот аналитичар Урим Салиу вели дека ДУИ мора да ја води жестоката битка со партиите од коалицијата Европски фронт во институциите.

– ДУИ мора да ја води битката за освојување на општините на претстојните избори, односно редовните избори и да не ги бојкотира бидејќи секојдневно се шпекулира за ова прашање. Мислам дека ова нема да се случи. Но, најголемата придобивка на оваа партија, која се уште важи за најмоќна, ќе бидат на изборите да настапи преку нови личности. Значи луѓе кои имаат што да понудат, а не оние кои се потрошени од политиката и повеќе не уживаат изборна поддршка. Најголемата победа на ДУИ на овие избори се новите имиња, анализира Салиу за Фронтлајн.

Од владејачката коалиција ВЛЕН велат дека откако виделе дека Албанците веќе не паѓаат на хистерични лаги и лажни вести, откако им здодеале од корупциски скандали и црни листи, ДУИ игра на последната карта!

Според ВЛЕН, тие веќе немаат моќ да манипулираат со луѓето со измислената приказна за „деалбанизација“ и сега се подготвени да извршат уште едно политичко предавство на својот народ – да ги бојкотираат изборите и да се обидат да предизвикаат тензии на денот на гласањето.

– ДУИ знае дека има само еден начин да избегне да додаде уште една загуба на своите бројки: политичка криза! Затоа, тие долго време инвестираа во лажната перцепција дека Албанците не се соодветно застапени затоа што ДУИ не е во Влада. Но, сега се е јасно и нема дилема! Али Ахмети од Липково потврди: ДУИ се подготвува за бојкот на локалните избори! Притоа, тој го призна она што долго време го тврдевме. Иницијативата за Законот за употреба на албанскиот јазик пред Уставниот суд е пилешкото јајце на ДУИ, со кое сака да има политичка корист со нанесување штета на ВЛЕН. Ахмети нема избор. Нивните анкети ја потврдуваат суровата вистина – Албанците повеќе не сакаат да гласаат за нив! Авторитетот на Али Ахмети е разнишан, бидејќи тој од командант на ОВК стана заложник на Артан Груби. Сите знаат дека ДУИ сега е корумпирана партија каде некои станаа милионери, синовите и ќерките се вработија со високи плати, а народот едвај врзува крај со крај, велат од ВЛЕН.

Локални избори во Македонија во 2025 година — избори што се планирани да се одржат во октомври 2025 година со цел избирање советници и градоначалници во 80 општини во Македонија и во градот Скопје. Вториот круг на Локалните избори е предвидено да се одржи 2 недели после првиот круг.
Можни датуми за локалните избори се 19 или 26 октомври 2025.

Загадувањето на воздухот, автобускиот или јавниот превоз, зеленилото, убавите и прегледни улици, канализацијата, чистотата, состојбата во училиштата, градинките, урбанизацијата, би требало да бидат главните прашања на овие избори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИЛоклани избори
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Проектот на Кушнер на албанската ривиера е „закана“ за италијанската Пулија; Бериша се појави во СПАК; Изброени и поштенските гласови во Косово; 750 косовски Срби ќе бидат употребени за дестабилизација на протестите во Србија

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk