Идеолошки разлики, набиени агенди или заболени од грип – кои беа причините што министрите од коалицијата ВЛЕН не учествуваа на Унгарско-македонскиот самит?!
Првиот вицепремиер Изет Меџити причина за неговото неучество на меѓувладината седница во Будимпешта ја наведе неговата здравствена состојба. Меџит изјавил: „Не можам да патувам, имам грип“.
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изјави дека не отишол да учествува на меѓувладината седница меѓу двете влади поради претходно утврдена агенда.
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, рече дека не отишол во Будимпешта со премиерот Мицкоски бидејќи имал настан во Велес, на кој присуствуваше и претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов е на мислење дека во прашање се бизнис дилови помеѓу Орбан – Мицкоски, а веројатно и Груевски за кои не само ВЛЕН туку и јавноста во Македонија не треба да ја има правата вистина, како што потенцира, дека нив ги поврзуваат валкани бизниси.
– Не верувам дека на ВЛЕН им е право што Мицкоски ги заобиколува, односно не ги сака и нив во друштво со Орбан. Изјавите на челниците на ВЛЕН, Меџити, Таравари, Касами дека биле поканети или болни, или веќе имале договорена друга агенда не е ама баш ич искрена причина. Едонставно премиерот несака да ги носи со него… Признание од Вленовците дека ги игнорира негативно ќе им се одрази меѓу електоратот, треба да признаат дека на Мицкоски му требаат во коалицијата за форма да не речам за украс пред странците и само толку, ништо повеќе. До кога ВЛЕН ќе глумат битни во владата ќе видиме, до локалните ќе ќутат а после тоа ќе видиме, анализира Кабранов за Фронтлајн.
Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на самитот на унгарско-македонската влада во Будимпешта оствари средба со неговиот колега Виктор Орбан. Премиерот на Северна Македонија изрази уверување дека силната поддршка на Унгарија може да биде одлична можност за забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Тој ја истакна и важноста од продолжување на преговорите и исполнување на условите од Копенхаген за да станеме дел од европското семејство.
Дестан Јонузи