ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Уставните измени остануваат главен предизвик за членство на Македонија во ЕУ

March 11, 2025 14:36
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај уставните измени, Северна Македонија се соочува и со многу други предизвици на нејзиниот пат кон Европската унија. Ова го велат за Фронтлајн експертити за домашни и меѓународни политички случувања. Сепак, според нив, проблем кој бара итни избори за земјата непречено да се движи кон Брисел останува промента на Уставот и вклучувањето на бугарската заедница во него.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО вели дека уставните измени се единствената конкретна пречка за сега, за да ги отпочне патувањето и натаму, кон Европската Унија.

Нано Ружин

– Нормално дека постојат бројни пречки, процеси кои мора да бидат надминати, како што е борба против корупцијата, владеење на правото, функционирање на институциите итн., но тоа се глобални елементи кои се наметнуваат во текот на целиот процес на патот на Македонија кон Европската Унија. Меѓутоа, кога зборуваме за конкретни пречки, тоа е единствената – договорот со Европската Унија околу внесувањето на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот. Тоа е единствената пречка конкретна за сега, за да ги отпочнеме нашите патувања и натаму, кон Европската Унија, и тука е застанато сè. Се додека не се смени уставот, нема мрдање од актуелниот статус, изјави Ружин за Фронтлајн.

Според универзитетскиот професор Башким Селмани процесот за патот кон Европската Унија, за Северна Македонија може да го анализираме од два агли или во два основни постулати.

– Првата постолат е историскиот. Секоја влада од независноста, па до ден денес направи неколку чекори, некоја направила еден напред, другите влади два назад и така по ред. Немало некоја спирала за да се одговара за одредените моменти кои беа во интерес на државата за да биде членка на Европската Унија. Македонија и секоја следна влада е излезена послаба економски, политички и уставно. Бидејќи, ако се земе во предвид историјата на Северна Македонија, во времето на Мицотакис, за малку беше да се прими во Европската Унија со историското име ФИРОМ, никој не постави никакви услови, но во текот на времето, секоја влада имаше нови чекори од потежок национализам, и на крај сите беа изгубени, и владите, и граѓаните. Бидејќи, Македонија на економски план беше на исто рамниште со Словенија и Хрватска и другите држави, а денес не може да се кореспондира и со Косово, анализира професор Селмани за Фронтлајн.

Според него, за нашата држава основен проблем е корупцијата, задушувањето на сите институции, јавниот долг, кој е одреден проблем за Северна Македонија, и на крај е тоа што е најбарано од сите држави на Европски Унијата, сите барат да биде демократијата појачана и почитувањето на човековите права.

– Самата политика и секоја влада што доаѓа економските, правните проблеми, човечките проблеми и корупцијата ги вмешале под покривање на уставните проблеми. Ако се погледне јавниот долг, секоја влада што ја задолжува државата во јавниот долг, никој не е осуден за јавниот долг. И актуелната влада постапува по истиот начин. Уште 5-6% ако се додаде на 7,2% јавниот долг, многу блиску е државата да банкротира и никој да не преземе одговорност. Мислам дека уставните промени се артифицијални проблеми до кои се покриваат сите овие забелешки што ги наведов, вели тој во својата анализа.

Во време кога фокусот на ЕУ се насочува кон Украина, не смееме да заостануваме. Ако не одиме напред, ќе одиме назад. Сеопфатни уставни измени се во прилог на целосна подготвеност за членство во Унијата.

Дестан Јонузи

Tags: БриеслВладаСАДСкопјеСобраниеСофијаУкраинауставни измени
Next Post
Фотомонтажа: Фронтлајн

Дали Обединетите нации ќе го преживеат Трамп 2.0?

НАЈНОВО

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

November 13, 2025

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

Валентин Нешовски ја објави завршната книга од својата сај-фај трилогија: „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk