ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(Про)владини хајки, клевети и хушкање против неистомислениците

March 24, 2025 12:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: Gayatri Malhotra / Unsplash

Фото: Gayatri Malhotra / Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Провладините медиуми, но и власта, излегоа против јавните собири, протестите и студентите по кочанската трагедија каде животот го загубија 59 млади луѓе.

Додека провладините медиуми тивко се обидуваат да го дефокусираат јавното мислење обвинувајќи ги опозициските партии и општествените активисти за граѓанскиот револт, Владата се обидува да сее страв кај граѓаните етикетирајќи ги спонтаните протести и граѓанските организации како дестабилизирачки.

– Морам да истакнам дека како Влада будно ја следиме состојбата. Ја споделуваме загриженоста и разочараноста кај граѓаните на нефункционирањето на системот, но во исто време ги вложуваме сите напори тоа да го промениме. Мора да дозволиме органите на прогонот да си ја завршат истрагата, темелно и правично. Не би сакале да се дозволи попречување од различни мрежи, преку повици за дестабилизација и различни сценарија и било како да наштетат на овој процес, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Марјан Забрчанец – граѓански активист побара да се запре, како што истакна, со клеветењето и хушкањето: „вашите лаги нема да го угасат гневот кај граѓаните кои бараат одговорност!“

– Јавно се обраќам до сите медиуми и т.н. “медиуми” кои ги објавија или ќе ги објават ваквите клеветења, навреди, хушкања, етикетирања и дезинформации и барам да го повлечат моето име од објавите и да се извинат за намерното предизвикување и ширење омраза и гнев и тоа во време на национална трагедија. Бидејќи сакаат да се занимаваат со “следење”, сигурен сум дека следачите ќе им ја пренесат следнава порака. Доколку во рок од 24 часа не ги повлечат клеветите, навредите и хушкањата кон мене, ќе се повикам и ќе постапам согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Барам извинувањето да биде објавено на ист начин и со еднаква видливост како што беа објавени и видливи клеветите и навредите и барам во објавата да бидат објавени фактите подолу, вели Забрчанец.

Новинарот Дритон Зенку во изјава за Фронтлајн смета дека дури и ако организаторите на протестите немаат врска со политички партии, политичките противници ќе најдат некаква поврзаност.

– Во зависност од позицијата, така се креира пропагандната стратегија. Иницијативата Нула е обвинета дека е политичка алатка, бидејќи еден од иницијаторите на иницијативата претходно имал средба со министерот за образование и наука. Обвинетите доаѓаат од опозициски кругови. Друга иницијатива во Скопје е обвинета дека е инструмент на македонската опозиција. Никој не може да негира дека голем дел од медиумите креираат вести врз основа на уредувачки политики кои се директно поврзани со партиски позиции. Дури и ако организаторите на протестите немаат врска со политички партии, политичките противници ќе најдат некаква поврзаност. Зачудувачки е фактот што организаторите на протестот во Тетово се напаѓани од елементи на албанската опозиција, додека организаторите на протестот во Скопје се на мета на кругови на македонската владејачка партија, анализира Зенку.

Петрит Сарачини, новинар и медиумски истражувач вели дека поддржувачите на власта во медиумите и на социјалните мрежи повторно водат оркестрирани хајки против студентите и граѓанските инцијативи што најавуваат собири и протести.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

– Повторно се „спружуваат“ медиуми, новинари, граѓански организации и активисти, повторно се прогласува за „шарен“, „платеник“ и „предавник“ – секој што ја критикува истрагата за трагедијата и постапките на „безгрешната“ власт, која бара одговорност секаде, но најмалку во сопствените редови. Овие јалови обиди за бегство од сопствената одговорност не носат ниту сплотување, ниту обединување на целата земја за „промена на системот“. Тие многу повеќе потсетуваат на темните времиња на Груевски и „заробената држава“. И по тие времиња, иако имаше далеку повеќе простор за критикување и протестирање, за жал не се презедоа порешителни чекори за справување со убиствената корупција, криминал и долгогодишна ерозија на системот. Неказнивоста и недостатокот на слух за овие суштински потреби на граѓаните придонесоа во голема мера за катастрофалниот изборен пораз на минатата власт, реагира Сарачини.

Иницијативата „Кој е следен?“, откако во повеќе наврати некои сомнителни медиуми се обидоа да го канализираат и минираат граѓанското организирање и ја сквернават граѓанската иницијатива, излезе со порака до медиумите „Не сме поврзани со ниту една политичка партија, јавно ги осудуваме сите обиди за партизација. Оваа сурова пропаганда нема да нè замолчи.“

Согласно Устав и согласно закон за јавни собири, сите граѓани во Македонија имаат право на јавно собирање заради мирно изразување на мислење и ЈАВЕН ПРОТЕСТ.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Влададестабилизацијамедиумиопозицијатрагедија во Кочани

НАЈНОВО

Стабилно нестабилна Влада

May 13, 2025

Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија

May 13, 2025
Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk