ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Универзитетот во Белград апелира до власта да ги исполнат барањата на студентите

May 6, 2025 10:08
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетот во Белград апелира до државните власти да создадат услови за продолжување на учебната година, чие редовно завршување е сериозно загрозено, преку дијалог со студентите и исполнување на нивните барања, се нагласува во Платформата за дискусија на високообразовната институција со надлежните органи и институции, јави МИА од Белград.

Таа Платформа беше презентирана и на средбата што делегацијата на Универзитетот во Белград, предводена од ректорот Владан Ѓокиќ, ја имаше со премиерот Ѓуро Мацут на 30 април.

„Обидот за изведување наставни активности против волјата на студентите би претставувал повреда на правото на слободно собирање со цел заштита на јавниот интерес, што е загарантиран со најважните акти на меѓународното право. Покрај тоа, таквата акција би била спротивна на принципите на академскиот интегритет и академската слобода, како и на етичките принципи врз кои се темели нашето општество“, се наведува во документот, објавен и на веб-страницата на Универзитетот.

„Ректорот и деканите немаат мандат од студентите да преговараат за исполнување на студентските барања, ниту за прекин и модификација на блокадата. Универзитетот во Белград ги поддржува првичните студентски барања, но не учествува во организацијата на блокадите, ниту може да ги спречи“, се вели во Платформата потпишана од Владан Ѓокиќ и 31 декан.

Се додава дека Универзитетот и факултетите ја констатирале фактичката состојба создадена со одлуката на студентските пленуми и воедно ги поддржале студентските барања и правото на студентите на мирен протест, собирање и изразување на мислење.

„Ректорот и деканите немаат законски механизми ниту реални можности да ги прекинат блокадите, со оглед на тоа што барањата на студентите не се во надлежност на ректорот и деканот, туку се однесуваат на пошироки општествени фактори“, и се додава дека Министерството за образование, во своето писмо од 25 декември минатата година, ја забележало невозможноста за настава.

Универзитетот во Белград бара притисокот врз него и неговите членови да престане без одлагање, а особено да се суспендира вонредниот надзор врз образовната и финансиската инспекција, како и Државната ревизорска институција врз факултетите.

Исто така, се бара да се запре медиумското потера по ректорот, деканите, студентите и вработените, како и јавното презентирање закани и притисоци насочени кон најстарата и најпочитуваната високообразовна институција во Србија. Барањето е и исплата на средства за сите заостанати плати од буџетските средства во целост.

Во својата платформа, Универзитетот во Белград постави прашања и до Владата на Србија и до Министерството за образование, а првото во низата е дали и кога е планирано да се започне дијалог со студентите кои ги блокираат факултетите за исполнување на нивните барања, со цел да се овозможи продолжување на учебната година.

Tags: протестиСрбија
Next Post

Цените во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk