ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025 12:14
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Иако политичките елити во Северна Македонија се декларативно посветени на евроатлантската интеграција на земјата, кога станува збор за донесување одлуки за непречено движење напред на ова патување, им недостасува политичка кохезија и компромис. Во меѓувреме, Република Албанија, која беше сопатник на Северна Македонија кон Брисел, откако се разделија и одеше сама по овој пат – очигледно напредува и е сè поблиску од кога било до остварување на европскиот сон да стане полноправна членка на Европската Унија.

Димитар Николовски извршен директор на ЕВРОТИНК во изјава за Фронтлајн, вели дека единствениот процес кој е поврзан со ЕУ интеграции моментално е Реформската агенда.

Димитар Николовски

– Покрај тоа, ние сме заглавени на патот кон ЕУ уште од Првата меѓувладина конференција во 2022 година. Стратегиите на владата за промена на преговарачката рамка не функционираат и не наидуваат на разбирање од страна на челниците на ЕУ. Со оглед на тоа кој е на власт, и со оглед на народното расположение кое го поддржува овој пристап кон ЕУ, мислам дека ќе чекаме некои подобри времиња кога или ќе се реформира ЕУ на начин кој нам нѝ одговара, или ќе се промени расположението во Македонија и ќе се поддржи политичка опција која ќе обезбеди двотретинско мнозинство за промена на Уставот, и повторно ќе напредуваме кон Унијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, во изјава за Фронтлајн, вели дека Македонија се наоѓа во еден статус-кво во однос на патот кон Европската Унија.

Нано Ружин

– Можеби некои мали реформ и се одвиваат во рамките на некоја институција, но таквиот статус-кво ја држи државата сè уште далеку од Брисел, со оглед дека сè уште не е исполнет договорот за внесување на останатите етнички заедници кои живеат во нашата држава во прамбулата на Уставот. Затоа овој ден (9 мај) можеме да го гледаме и како ден на гордост на Европската унија, но од друга страна и како ден на песимизам, бидејќи ништо не мрда во однос на нашето патување кон ЕУ, изјави Ружин за Фронтлајн.

Според Преговарачката рамката усвоена во јули 2022 година, Северна Македонија мора да спроведе уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот, заедно со Хрватите, Црногорците, Евреите и другите малцинства како „дел од етничките групи кои живеат во земјата“.

Во заклучоците на Европскиот совет во декември 2023 стои дека – Европската Унија е спремна да ја заврши почетната фаза на преговорите за пристапување со Северна Македонија веднаш штом ќе ја исполни својата обврска да ги заврши уставните промени како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури.

– Ние сме дел од европската приказна и нераскинлив дел од борбата против фашизмот. Да не дозволиме никој никогаш да ги поткопа вредностите врз кои е градено ова општество. Македонија припаѓа таму каде што се почитуваат човековите права, каде што се гради заедништво и каде што никој не смее да биде исклучен затоа што е различен. Денешната борба не е со пушка. Денес се бориме со збор, со став, со почит и одговорност, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче во честитката по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека за Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок.

– Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото, вели Мицкоски.

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, вели дека ќе продолжиме да придонесуваме, како што отсекогаш сме правеле, кон целосна интеграција на земјата во ЕУ и кон градење заедничка иднина врз вредностите на демократијата, еднаквоста и правдата.

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува визијата на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија и остварувањето на долгогодишниот сон на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од оваа политичка организација што носи просперитет и нова надеж.

– Чекор по чекор, Северна Македонија се приближува кон Европската Унија. Граѓаните на нашата земја, кои ги прифаќаат и отелотворуваат европските вредности, сега се чувствуваат поблиску од кога било до ЕУ. Ги охрабруваме и поддржуваме реформите во судството и јавната администрација за да бидат што е можно поефикасни, а услугите да им користат на граѓаните, велат од ВЛЕН.

Додека Северна Македонија се движи бавно по патот кон Брисел, Европската Унија одобри отворање на уште едно поглавје за Албанија. Во меѓувреме, на 22 мај ќе се одржи петтата конференција за преговорите на Албанија за членство во ЕУ.

Северна Македонија доби статус на кандидат во декември 2005 година. Пристапните преговори ги отвори во јули 2022 година.

Дестан Јонузи

Tags: 9 мајВЛЕНВМРО-ДПМНЕДимитар НиколовскиДУИЕУНано РужинСДСМуставни измени
Next Post

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk