ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

May 29, 2025 08:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешниот инцидент откако група лица, според пишувањето на повеќе медиуми, предводени од градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, собирале ѓубре во старата скопска чаршија и истото според тврдењата на градоначалничката Арсовска и градските служби го исфрлиле пред просториите на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска реагираше со јавна објава на социјалните мрежи, упатена директно до Ганиу.

„Висар Ганиу! Ти се обраќам тука, за пред целата јавност да ти стане јасно што се случува. Таму каде што си измеќар, една работа не ти кажале за мене. Кога се закануваш, само ме мотивираш да работам повеќе и една по една сите криминални зделки со дивоградбите ќе ти ги објавам,“ напиша Арсовска.

Во објавата таа тврди дека општина Чаир има регистрирани 150 дивоградби „кои се граделе по 2011 година, спротивно на тврдењата на локалната власт“. Таа додава дека документацијата со забелешки е службено вратена и дека „најнепобитната е дека лажеш дека се градени пред 2011 година, односно градени се сега!“.

Арсовска исто така го обвини Ганиу за незаконско депонирање отпад во и околу градските контејнери. „Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот,“ изјави таа. Дополнително, наведе дека Општина Чаир ѝ должи 7 милиони денари на ЈП „Комунална хигиена“.

Обвиненијата не застануваат тука. Арсовска најави дека ќе повика граѓани кои, како што вели, биле измамени со купување станови во дивоградби, да протестираат пред општина Чаир. „Ќе ги упатам да се соберат сите илјадници луѓе што сте им зимале пари за небезбедни станови во дивоградби кои никогаш нема да можат да ги легализираат,“ предупреди таа.

Кон крајот на пораката, таа директно го предизвика Ганиу со зборовите: „Те чекав во Чаир ако си маж да дојдеш, не собра храброст. Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите.“

Арсовска подоцно му се обрати на Ганиу и со видео објава снимена пред просториите на Град Скопје.

Дел од медиумите објавија дека целта на акција, како што изјавил Ганиу, е да испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир.

Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.

Ј. Ѓ.

Tags: АрсовскаГаниуГрад Скопјеѓубре
Next Post

Цртачки концерт и интерактивна претстава со ВИДУ, дигитален уметник во МКЦ

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk