Актуелниот премиер на Северна Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога беше во опозиција, непосредно пред да дојде на власт, започна неоснована правна битка против новинарот, публицистот, писателот и активистот за човекови права Џабир Дерала.
Тој поднесе тужба додека беше во опозиција преку својот адвокат, актуелниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, за вест објавена на онлајн медиумската платформа на ЦИВИЛ, која претходно беше пренесена на десетици портали на македонски и на албански јазик, но Мицкоски го привлече вниманието на ЦивилМедиа и Џабир Дерала.
Веројатно поради бескомпромисниот став на г-дин Дерала за вистината и професионалните новинарски стандарти.
По ова прашање, „Фронтлајн“ упати прашања до мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Мисијата на ОБСЕ во Скопјe вели дека иако не коментира за правните процеси, тие сепак ја потсетуваат јавноста дека слободата и плурализмот на медиумите се основи на демократските општества.
– Во согласност со принципите на неинтервенција и непристрасност, Мисијата не коментира за спецификите на судските постапки. Мисијата потсетува на заложбите на ОБСЕ за слободата и плурализмот на медиумите, кои се камен-темелници на демократските општества и уживаат висока заштита, велат од Мисијата на ОБСЕ во Скопјe за Фронтлајн.
Од таму, додават дека слободата на печатот и слободата на изразување во исто време не се апсолутни права и може да бидат предмет на одредени ограничувања, вклучително и во случаи на клевета, како што е пропишано со закон и е неопходно во едно демократско општество. Како што нагласи претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите и Европскиот суд за човекови права, ваквите ограничувања мора да се стремат кон легитимна цел, да бидат пропорционални и не смеат да се применуваат на начин што спречува отворено медиумско покривање на прашања поврзани со јавни службеници.
Дестан Јонузи