ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Младите и спортот се приоритет на Владата – потпишан договор со „Спортски игри за млади“

February 27, 2026 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата присуствуваше на потпишување договор со меѓународната платформа „Спортски игри за млади“, при што порача дека вложувањето во младите и спортот останува еден од клучните приоритети на извршната власт, соопштуваат од Владата.

„Од мое име и од името на Владата би сакал да посакам добредојде на сите гости коишто денеска се со нас овде во Владата, но исто така и во Скопје“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека Владата е „исклучително задоволна“ што е дел од овој настан.

Тој истакна дека демографските предизвици се заеднички европски проблем и дека затоа е важно младите од најрана возраст да се едуцираат и да се насочуваат кон вредности што ќе ја обликуваат иднината.

„Многу ни е важно младите од најрана возраст да ги образуваме, да ги научиме дека иднината е во нив и дека така како што тие ќе израснат таква иднина ќе имаат и ќе остават за нивните потомци“, рече премиерот.

Говорејќи за спортот, Мицкоски направи осврт и на сопственото искуство од младоста, посочувајќи дека бил активен во кошаркарскиот клуб „Работнички“, но дека подоцна животниот пат го одвел во академската сфера, а денес и на функцијата претседател на Владата.

„Спортот остана во мене, никогаш не излезе од мене“, истакна тој, додавајќи дека со преструктуирањето на Кабинетот за првпат е формирано Министерство за спорт, наместо дотогашната агенција.

Според него, новото министерство постепено ги надминува почетните предизвици и се позиционира како институционална поддршка на спортот во земјата и регионот.

Мицкоски нагласи дека преку „Спортски игри за млади“ се создава синергија меѓу двата приоритети – младите и спортот, при што децата ќе имаат можност да учат за витештво, фер-плеј, почитување на противникот и тимска работа.

„Животот е тимска игра и ако сакате да бидете успешни ќе морате да се научите на овие работи“, порача премиерот.

Тој изрази уверување дека десетици илјади млади ученици кои во наредните месеци ќе се натпреваруваат низ училиштата ќе израснат во луѓе кои достоинствено ќе ја промовираат државата, како и дека ќе бидат достојни претставници на македонскиот спорт на финалните игри во Сплит во август.

„Можам да ветам дека достоинствено ќе го претставуваме овој проект во државата“, изјави Мицкоски, заблагодарувајќи им се на организаторите и на присутните спортски имиња од регионот.

Tags: ВладаМицкоскимладиспорт
Next Post

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto - De Jure Вучиќ

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk