ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Тажна е сликата денеска по пожарот, вели Јаневски, Уште веднаш ќе почнеме со масовна солидарна акција, изјави Заев, Стварноста е преценета…

January 3, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Анализата на ИДУЕП покажува раст во онлајн комуникацијата со граѓаните и кај Владата. Сите членови на кабинетот, односно 20 министри биле активни на Фејсбук во 2020 година.

Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета.

СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев  вели дека побарале повеќе средства, но по преговорите со Фондот за здравствено осигурување се нашле на средината. Во новиот буџет предвидени се и нови вработувања, набавка на нови апарати, но и воведување на нови методи.

Од јавните настапи на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ сосема е јасно дека со нив имаме сосема спротивставени ставови за одговорите на прашањата, кои, како што и самите велите, се од суштинско значење и највисок државен интерес.

Знам дека многу брзо ќе го вратиме животот овде во „Глобал“ и на сите граѓани на кои им се уништиле своите имоти, ќе им ги вратиме во првобитната состојба , солидарноста на дело ќе ја покажеме и наша македонска и наша струмичка.  Нова година почна тешко за Струмица, но некогаш господ ни дава ваква можност да ја покажеме на дело нашата солидарност, да си подадеме рака.

Во новата година да кажеме ДА за институциите кои ќе покажат ред, работа и дициплина за општото добро и доброто на народот. За подобра и поуспешна татковина во која идните генерации ќе останат да учат, создаваат, живеат и ќе учествуваат во заедничкиот развој на нашата држава.“ истакна Николовски во своето обраќање.

Вчера, собрани на тротоарот за сеир додека гори Глобал, некои си правеа селфи со пожарот, додека на преносите во живо на социјалните мрежи можевме да слушаме како во позадина се смеат, си кажуваат досетки. За тоа што го прочитав во коментари додека луѓе, фамилии губат се, е во најмала рака нехумано, нечовечно.

Јас немам високо мислење за способноста на Македонецот да мисли политички. Но мислам дека оваа ниво на агресија и злобо не му се својствени. Тие се имплантирани во нашата средина со некои геополитички и идејни вакцини. Тие се елемент на специјалната војна против Македонија и против нас. Што и да значиме и ние и Македонците.

Градоначалникот на Штип новата година ја започна со една од најсложените интервенции на кардиолошкото одделение во Штип.

Кривична пријава е поднесена против 20 скопјани кои биле во иста соба во хотел во Крушево, иако биле предупредени од персоналот да не се групираат и влегле во хотелскиот базен во поголем број од дозволеното.
Првите количини од „Фајзер“ вакцината ќе пристигнат во февруари, а согласно планот за дистрибуција останатите се очекуваат во првите месеци од 2021, изјави премиерот Зоран Заев.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Приведен 24-годишен радовишанец, кој со возило помина низ радовишкото шеталиште

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk