Надежта носи резултати. Некои од нив суштински, некои симболички, а некои со директно влијание врз животот на секој од нас. Сите промени заедно носат безбедност, слобода, мир, инвестиции и повеќе пари кај луѓето.
Големите промени нека ни бидат мотивација да работиме сите на нови помали и поголеми успеси. Секој ден ќе биде подобар од претходните зашто имаме јасна мнозинска волја дека сакаме да одиме напред, а нашите пријатели од демократскиот свет ни подадоа рака и велат Ајде!
Ова е нашата нова заедничка реалност, до овде нѐ донесоа Надежта, Вербата и Љубовта кон подобар живот:
* Најниска невработеност до сега во земјава, како резултат на 50 илјади нови вработувања во последните две години – наместо пад на невработеноста заради иселување.
* Социјална помош зголемена за 300%, како една од главните мерки против сиромаштијата – наместо игнорирање и изборно манипулирање на ранливите групи.
* Мирен живот меѓу различните заедници – наместо тензии, конфликт и стравови од војна.
* Стануваме членка на НАТО, стратешка цел на нашите генерации – наместо тридецениска изолација и деградација.
* Слобода на мисла, на критика и на медиуми – наместо режим, диктат и заробена држава.
* Мој ДДВ, евтина тарифа на струјата, намалени такси на извршители, покачена минимална плата, директна стимулација за повисоки плати во приватен сектор – враќање пари кај граѓаните, наместо грабање пари од граѓаните.
* Масовна градежна офанзива, изградба на патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици – наместо барок офанзива на фасади и споменици.
? Голема надеж за почеток на преговори со ЕУ.
(Авторот е посебен советник за односи со јавноста на Премиерот)
https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10158784385436754