ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протестите пред Собранието „издишуваат“, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица сè понервозни

July 16, 2022 11:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Протест пред Собранието. Фото: МИА.

Протест пред Собранието. Фото: МИА.

Share on FacebookShare on Twitter
Група од стотина граѓани во текот на вчерашниот ден протестираа пред Законодавниот дом. За време на собраниската седница, на чиј дневен ред беше Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на државата во ЕУ, учесниците на протестот, со знамиња и транспаренти го искажаа незадоволството и испратија порака дека се против прифаќањето на францускиот предлог. Собранието го обезбедуваат полициски службеници, а улицата сè уште е затворена за сообраќај.

Она што е очигледно, е дека од ден на ден бројот на граѓани што протестираат пред Собранието е сè помал.

Невладината „Ленка“ блиска на партијата Левица, во објава на Фејсбук прогласи „капитулација“ на протести.

Принтскрин од Фејсбук страницата на „Ленка“

На вчерашниот протести пред Собранието, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше испратен со „УА!“ и свирежи од граѓаните.

И Во собраниската сала, атмосферата беше тензична и на работ на посериозен инцидент.

Опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Левица сè понервозни во нивните настапи во Собранието, бараа отфрлање на овој предлог а со вувузели и свирчиња ги попречуваа говорите на пратениците од владејачката коалиција.

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, на неколку пати предизвика посериозни инциденти.

Димитар Апасиев. Фото: Принтскрин

Апасиев реагираќи процедурално од собраниската говорница, со заканувачки гестикулации со прст кон Талат Џафери му порача на претседателот на Собранието дека не е дома кај него, па да го бара со прст.

„Значи прв и последен пат да ти биде да ми мавташ со прст, еве јас што ти кажувам!“, му се закани Апасиев на Џафери.

Претходно Апасиев дојде во кофликт со пратеникот од СДСМ Мартин Костовски, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка. Реакцијата на другите пратеници спречи поголем инцидент.

СДСМ преку соопштение обвинува дека забеганоста, стравот и примитивизмот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ги минува сите можни граници. Како што истакнуваат, од собраниска говорница ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фор дер Лајен нацист.

„Ова е скандалозно, срамно и за секаква осуда, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски освен што го резилат Собранието директно ги наредуваат нашите пријатели во Европската унија, го нарушуваат угледот на државата, на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се против целата ЕУ“, се наведува во сопштението од СДСМ.

Во ЕУ влегуваме како Македонци со чист македонски јазик, а вие сте изгубени во историјата, им се обрати пратеничката на СДСМ Даниела Марковска на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

„За што протестирате вие од ВМРО-ДПМНЕ, изгубени во историјата? Вчера врховисти, завчера антички, а денеска наводно партизани. Во ЕУ влегуваме како Македонци со македонски јазик, а јас како пратеничка од Ѓорче Петров ќе се борам да го сочувам ликот и делото на Ѓорче Петров и тоа токму од вас, ќе се борам да го зачувам ликот и делото на нашите народоноослободителни херои кои вие ги нарекувавте злосторници“ порача пратеничката Марковска.

Од Владата јавно ги осудија крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија.

„Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес“, соопшти владината прес-служба.

Собранието денеска трет ден ќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот.

Останати се уште тројца кои имаат право на збор според списокот на пријавени пратеници, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел не се обврза на прекин на огнот, туку само на безбеден коридор за ослободување на заложникот Едaн Александар

May 12, 2025
Генерирано со ВИ

САД, по трговските преговори, велат дека е постигнат „договор“ со Кина

May 12, 2025
Фото: Attia Muhammed/Flash90
Хамас

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk