ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МТСП: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува деца за политички цели, извршен вонреден инспекциски надзор во градинката во Гевгелија

November 25, 2022 15:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека во врска со случајот на „претепано 10 месечно дете во градинка во Гевгелија“ како што тоа беше пренесено од медиумите, а изјавено од член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во рамките на своите надлежности спроведе вонреден инспекциски надзор.

„Од страна на инспекторите на терен, а согласно дадените изјави на негователките во групата на деца каде што е посочен немилиот настан,  детето се стекнало со гребнатинки при пад во игра со останатите деца. Гребнатините веднаш биле санирани од негователките, а детето продолжило со вообичаените активности, како и сите деца во групата. Мајката била известена за настанот при преземањето на детето од установата, со оглед на проценката на негователките од нивната досегашна пракса дека се работи само за гребнатинки. Директорката на установата била известена за настанот, од страна на негователките истиот ден.  При увид во листата за евиденција на присутни деца, детето од следниот ден не ја посетува градинката, од причина што по претходна најава кај негователките од страна на родителите отпатувало со мајката во странство“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму нагласуваат дека директорката на Јавната општинска установа за деца- детска градинка ДЕТСКА РАДОСТ –Гевгелија, поднела предлог за поведување на дисциплинска постапка против негователките и донела Решение за формирање на комисија за утврдување на повреда на работната дисциплина.

При вонредниот инспекциски надзор е утврдено дека директорот  на  Јавната  општинска  установа за деца- детска  градинка ДЕТСКА  РАДОСТ –Гевгелија, постапил согласно одредбите од Законот за заштита на децата, истакну7ваат од Министерството.

„Министерството за труд и социјална политика остро ги демантира изјавите на член на политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за „брутално претепано дете“ и силно укажува на тоа дека децата не смеат да се користат и злоупотребуваат за политички цели. А ширењето на страв, манипулација и чувства на вознемиреност и несигурност кај граѓаните се познат начин на делување на ВМРО-ДМНЕ.

Имено и Градоначалникот и Советот на Општина Гевгелија кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ, во делокруг на своите законски обврски како основач на установата, во неколку наврати го прекршија Законот за заштита на децата, заземајќи ставови и носејќи одлуки спротивни на законот и интересите на граѓаните, а спроведување на законот е нивна законска обврска, утврдено од инспекциските служби.

Поради тоа,  Министерството за труд и социјална политика, како  надлежно за областа заштита на децата, преку вршење на инспекциски надзор неколкупати даде укажувања за постапување во рамки на законот на  на Градоначалникот на Општина Гевгелија  и на  Советот на Општина Гевгелија со оглед на фактот дека беа констатирани материјални и процедурални недостатоци во нивната работата и кршење на одредбите од Законот за заштита на децата.

Поради не постапување на градоначалникот на О. Гевгелија и Советот на општината, по дадените укажувања Министерството за труд и социјална политика согласно закон на Градоначалникот на Општина Гевгелија и Советот на општина Гевгелија им одзема надлежности поврзани со донесување на одлуки од нивна страна во делот на детската заштита и непречено одвивање на процесот згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст во ЈОУДГ Детска Радост Гевгелија , меѓу кои и одземената надлежност за избор на директор, за кој Градоначалникот на Општина Гевгелија  не изврши  избор по претходно законски спроведена процедура  во  определениот законски  рок. Напоменуваме дека директорот на установата од страна на Министерството за труд и социјална политика е именуван согласно одредбите од Законот за заштита на децата.

Заложбите на Министерството за труд и социјална политика отсекогаш биле и ќе останат приоритет  за обезбедување на безбедни услови за згрижување на децата во предучилишните установи“, се наведува во реакцијата на Минситерството за труд и социјална политика.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГевгелијадемантМТСП
Next Post
Фото: илустрација

„Кампањата 16 дена активизам“: Сите имаме должност за жените и девојчињата да бидат безбедни и онлајн и офлајн

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk