Дали антифашистите од прошлото лето ќе се вознемират од враќањето на Спиро Китинчев?, прашува Никола Наумоски, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
„Данела Арсовска и ќосињата што ги имаат окупирано бараките на Илинденска 82 тајно и подмолно ја менувале скопската историја и листата на градски татковци и мајки за да го вклучат најспорното име од нашата градска историја. Фашистичкиот соработник, нем спектатор на холокаустот и окупаторскиот измеќар на Германците и Бугарите Спиро Китинчев бил Кмет на Скопје од 1941 до 1944, а потоа суден и осуден за своите постапки во овој период.
Во официјалната скопска историја, која го смета ослободувањето на градот (13.11.1944) за негов роденден набројани се само градоначалниците по тој датум, почнувајќи од Народно-Ослободителниот Одбор и Лазар Танев. Тоа е така од национални причини, бидејќи Скопје станува главен град на нова држава прв пат по 1944, а сите претходни градски администрации се или наметнати или окупаторски. Иако несомнено има важни луѓе со неспорни заслуги за Скопје меѓу претходните градоначалници (како Јосиф Михаиловиќ или Хафис Мехмед Паша), тие сепак не се наведени во редот на скопски градоначалници.
Што бара Спиро Китинчев, кметот од 1941 до 1944 и татиното синче на претходниот кмет од претходната бугарска администрација (1914-1918) во редот со народни херои, првоборци, истакнати општественици кои досега го воделе градот? Знаат ли антифашистите од ВМРО и Левица?“
Фејсбук објава на Никола Наумоски