ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски – Сунак: Да не им се дозволи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на ОИ во Париз во 2024 година

February 8, 2023 15:17
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Риши Сунак разговараа за поддршката на одбраната, обновата на Украина, формулата за мир, како и за спречување на руски и белоруски спортисти да учествуваат на Олимписките игри.

„За време на средбата, Володимир Зеленски и Риши Сунак разговараа за одбранбената соработка и за целиот спектар прашања од билатералната агенда: имплементација на Формулата за мир, евроатлантските интеграции на Украина, идната поддршка од Обединетото Кралство, можноста за вклучување на британската страна во повоената обнова на нашата земја, како и низа други ветувачки проекти“, се вели во извештајот на прес-службата на шефот на Украина, пренесува Укринформ.

Посебно се дискутирало за прашањето да не им се дозволи на руските и белоруските спортисти да учествуваат на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Зеленски го информирал Сунак за ситуацијата на фронтот и клучните потреби на вооружените сили на Украина во однос на оружје и воена опрема. Тој ја нагласи важноста Украина да го добие потребното оружје од сојузниците за да ја запре руската офанзива и да ги ослободи сите привремено окупирани украински територии.

Зеленски, исто така, се заблагодари на британскиот народ и лично на Сунак за сеопфатната поддршка на Украина во спротивставувањето на руската агресија.

Зеленски рече дека Обединетото Кралство е сигурен партнер и пријател кој стана еден од светските лидери во помагањето на украинската држава.

„Ви благодарам за напорите за зајакнување на одбранбените способности на Украина, за хуманитарната и финансиската помош дадена по почетокот на целосната агресија, за поддршката на Украинците кои беа принудени да ги напуштат своите домови поради руската војна“, рече тој.

Ова е прва посета на Зеленски на Велика Британија и негово второ патување во странство, откако Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари минатата година. Во декември 2022 година, украинскиот лидер ги посети Соединетите американски држави.

А. Р.

Tags: Велика БританијаВолодимир ЗеленскиОлимписки игриРиши СунакУкраина
Next Post

Направивме интервју со вештачката интелигенција Chat GPT, разбира македонски јазик

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk