Поранешниот член на Пинк Флојд, Роџер Вотерс се соочи со уште едно откажување на неговото шоу бидејќи германската општина Франкфурт неодамна објави дека настапот на Вотерс за претстојниот фестивал нема да се случи, пренесува Rockcelebrities.net.
Властите ги навеле неговите политички коментари како причина за откажувањето и ја нарекле поранешниот член на Пинк Флојд – антисемит.
Вотерс се чини дека не се симнува од фокусот овие денови. Сопругата на Дејвид Гилмур, Поли Самсон, неодамна го стави рокерот на нишан и не се двоумеше да го повлече чкрапалото. Таа, преку Твитер објава го посочи поранешниот басист на Пинк Флојд дека е „антисемит“ и апологет на Путин , заедно со други не толку ласкави зборови.
Sadly @rogerwaters you are antisemitic to your rotten core. Also a Putin apologist and a lying, thieving, hypocritical, tax-avoiding, lip-synching,misogynistic, sick-with-envy, megalomaniac. Enough of your nonsense.
— pollysamson (@PollySamson) February 6, 2023
„За жал [Вотерс] вие сте антисемит до сржта на вашето расипано јадро“, напиша таа. „Исто така, апологет на Путин и лажливец, крадец, лицемерен, избегнувач на данок, мизогин, болен од завист, мегаломан. Доста е со вашите глупости“, напиша Самсон на Твитер.
Иако Роџер навидум сакаше да се поправи со пофалби на Твитер за музичките таленти на Гилмур веднаш по твитовите на Поли, ова не беше прв пат басистот да се најде во неволја поради неговите контроверзни забелешки. Претходно, можната голема продажба на каталог беше ставена во мирување поради политичките коментари на Вотерс.
Сега се чинеше дека и градот Франкфурт одлучи да преземе акција против Роџер, откажувајќи го претстојното шоу на фестивалот. Градскиот совет, наводно, имал овластување да го откаже шоуто бидејќи општината должи 60% од правата на фестивалот, што ја олеснило забраната за појавување на Вотерс. Исто така, беше објавено дека советот ги навел „антисемитските“ коментари на рокерот како причина за откажувањето.
Што се однесува до Вотерс, тој имаше планирано пет претстави во Германија, кои сега се четири. Сепак, многумина ги повикуваа официјалните лица да ги откажат и тие други настапи, но властите изјавија дека би можело да биде многу потешко да се забранат концертите на рпоранешниот басист на Пинк Флојд поради правни компликации.
Предходно, Вотерс го искористи говорот во Обединетите нации за да го повтори своето контроверзно тврдење дека руската инвазија на Украина била „провоцирана“. Како што пренесе Би – Би – Си, на 9 февруари тој се обрати пред Советот за безбедност на ОН на покана од Русија.
Тој повика на прекин на огнот и ја осуди „нелегалната“ инвазија на Русија, но ги осуди и „провокаторите“ на Запад за кои тврди дека се одговорни.
Украинскиот амбасадор Сергиј Кислица го нарече говорот на Вотерс „уште една тула во ѕидот“ на руската дезинформација.
Ова не е прв пат да биде откажан настап на Роџерс поради неговите контроверзни политички ставови. Во септември минатата година беа откажани планираните концерти на Роџерс во Полска поради бесот поради ставот на музичарот за војната во Украина.
Иако промоторот на концертот, Live Nation Poland, го потврди откажувањето, но не ја наведе и причина за тоа, контроверзноста беше поттикната од отвореното писмо што Вотерс и го напиша на првата дама на Украина, Олена Зеленска, во кое, тој напиша: „екстремните националисти“ во Украина „ја поставија вашата земја на патот кон оваа катастрофална војна“.
За разлика од Роџерс, неговата матична група, легендарните Пинк Флојд уште во април минатата година во знак на поддршка на Украина ја објавија песната „Hey, Hey, Rise Up“ , во соработка со Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“. Целиот приход беше наменет за украинската хуманитарна помош.
Гилмур, кој има украинска снаа и внуци, тогаш изјави:
„Ние, како и многумина, го чувствувавме гневот и фрустрацијата од овој гнасен чин на независна, мирна демократска земја која е нападната и нејзиниот народ е убиен од еден на големите светски сили“.
Подготви: Д. Мишев / ЦИВИЛ Медиа