Во Охрид во тек е трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.
На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.
Најавено е дека Борел по денешната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања.
Портпаролот на ЕУ, Петер Стано појасни дека станува збор за „вообичаена практика“ што се применува по секоја рунда од дијалогот во Брисел.
Според портпаролот Стано, не се знае кога ќе завршат денешните средби.
Во меѓувреме е најавено дека специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар ќе даде оценка за денешната средба во Охрид.
Извор: Рацин.мк