Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со специјалниот претставник на Романија за Западен Балкан, Адриан Даводоју.
На средбата беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија, билатералната соработка која ја имаме со Романија и за политичката ситуација во регионот.
Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за поддршката од страна на Романија за и потенцираше дека секаков вид понатамошна поддршка ќе биде добредојдена.
Специјалниот романски пратеник Давидоју го потврди напредокот кој го имаме направено и изрази очекување дека ќе го искористиме позитивниот политички момент, ќе ги направиме уставните измени и ќе продолжиме со преговарачкиот процес.
Вицепремиерот Маричиќ го информираше Давидоју и за текот на скринингот, изработката на Патоказите и за актуелните реформи кои како што кажа вицепремиерот „треба да ги продолжиме со поголема динамика и да испорачаме резултати, со цел да го забрзаме нашиот европски пат“.
Во таа насока Давидоју истакна дека Романија, како една од помладите членки на ЕУ и со посвежи искуства во преговори за членство, стои на располагање за унапредувањето на соработката, преку експертска помош во процесот на преговори и тоа во повеќе области, меѓу кои борбата со корупцијата, правосудство и сајбер безбедноста.
На средбата присуствуваше и Амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте.