Украина денес се наоѓа во 411-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.
Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.
Руските пропагандни експерти во привремено окупираниот Крим излегуваат со нови лажни приказни во врска со НАТО – иако почнуваат да препознаваат дека Украина е всушност валиден актер на меѓународната сцена, тие инсистираат дека нејзините вооружени сили се борат во интересите на Алијансата.
Според Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон, руските окупациски власти веројатно спроведуваат кампања на систематско верско прогонство во окупирана Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе има мир во Украина до Велигден следната година, обраќајќи им се на Украинците откако многумина во земјата го прославија Велигден по вторпат од почетокот на руската инвазија.
Украинската противвоздушна одбрана би можела да остане без проектили и муниција за само неколку недели, се наведува во тајните документи на Пентагон кои протекоа во јавноста.
Подготви: А. Ристески