ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е пат кој одговорно и свесно го избраа македонските граѓани

May 30, 2023 22:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ

Бојан Маричиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Европската интеграцијата е пат кој свесно и одговорно го бираме, бидејќи тоа е потребно за стабилност и прогрес на државата, за видливи реформи на внатрешен план, кои ќе дадат позитивна трансформација на македонското општество, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој во рамки на официјалната посета на Брисел, се сретна со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер.

На средбите, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, беше разговарано за спроведувањето на европската реформска агенда, за уставните измени, како и за новите случувања на Косово.

Европратениците ја потврдија поддршката која ја даваат на Северна Македонија да ја одржи динамиката на преговорите со ЕУ, како и дека имаме пријатели во ЕУ кои ги препознаваат нашите позитивни чекори и даваат поддршка на нашите заложби да успееме до 2030 да станеме членка на Унијата, се наведува во соопштението.

На состанокот беше потенцирано дека имаме добра прилика, како држава членка на НАТО, една од ретките во регионот што е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, држава која ги започна преговорите со ЕУ и која важи за сериозен фактор на стабилност во регионот, да биде во пакетот земји за идно членство во ЕУ.

На средбата соговорниците ја осудија ескалацијата на Косово, за која се согласија дека е потребно итно да се врати дијалогот на маса, бидејќи ваквата состојба не оди во прилог на целиот регион, како и на неговата евроинтеграција, информираат од СЕП.

Маричиќ во Брисел се сретна и со европратеничка од Групата на Зелените, Тинеке Стрике и имаше координативен состанок со в.д. директорката за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, Микела Матуела.

На средбите се разговараше за текот на скрининг процесот, планот за реформи и изработката на клучните документи од првиот Кластер, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за функционирање на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Tags: БриселЕУМакедонијаМаричиќсредби
Next Post

Ковачевски ќе се обрати на Форумот на Глобсек 2023

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk