Премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат порача дека земјата нема време за губење.
Ние видовме како изгледаше неносење на одлуки 10 години, видовме како изгледаше покривањето во 2008 година. И јас би рекол добар компромис со Грција и после години и години со цела декада практично, а имаше договор кој беше полош од тој што беше понуден 2008 година. Јас се надевам и сум убеден дека пратениците во Собранието без разлика од која политичка партија доаѓаат, без разлика дали се од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, итн., дека лично пратениците нема да дозволат таа грешка да се повтори, бидејќи сега е моментот кога има отворен прозорец за влез во ЕУ, истакна Ковачевски.
Прашан дали би го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на нова средба, Ковачевски одговори дека „тој процес сега треба да се води на подетално и на пооперативно ниво каде што ќе може да се разговара за детали“.
Бидејќи ние ќе мора да влеземе во процес на дефинирање на рокови и тоа не само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Дали вие ја гледавте прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, дали таму беше кажано дека опозицијата која што велеше дека никогаш нема да дозволи да се промени уставот да кажат дека се согласуваме. Дирекно беше кажано. Дали се кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да биде дел од власта, да се кажа. Подготвеноста од другата страна дојде од мене и од ДУИ исто така дека го прифаќаат тоа. Сега се работи за моделитети, рокови, начини на спроведувње. Јас сметам дека ние сме сериозни луѓе. Јавно кажаниот збор останува, тој е снимен, јас ќе ги информирам телата на партијата за тоа што е разговарано и јавно кажано. Таа прес-конференција беше резултат на средба на која се разговараше тоа што го кажавме на прес-конференциите, потенцира Ковачевски.