ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одржана трибината „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците“ во Општина Центар

June 20, 2023 10:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Општина Центар се одржа јавен настан на тема „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ во соработка со Центарот за слобода – Цивил.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во своето обраќање истакна дека Општина Центар креира добри практики и позитивна атмосфера за развој на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата на локално ниво во сите сектори. Како позитивен пример ја наведе континуираната соработка со граѓанскиот сектор и финансиската поддршка на здруженијата на граѓани и фондации, каде што оваа година е зголемен буџетот, односно зголемен е бројот на проекти и програмски активности од различни групи на дејствување.

На граѓанската средба присуствуваа претставници од граѓанските здруженија, заинтересирани граѓани и вработени во општинската администрација. Се дискутираа теми за инклузивноста на ромите во образованието, родовата застапеност во општината и другите општински институции, изучување на јазиците на помалите етнички заедници како изборни предмети во основните училишта во Општина Центар и овозможување еднакви права и можности на заедниците за подобри меѓуетнички односи и подобра општествена и економска стабилност на локално ниво.

Свое обраќање имаше и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој на јавната трибина ги истакна институционалните и владините препораки за национализмот и мултикултурализмот, можните решенија за недискриминацијата и почитувањето на човековите права и слободи, согласно националните интереси и европски вредности.

Општина Центар и понатаму останува поддржувач на програмите и стратегијата за работа на ЦИВИЛ и преку заеднички активности ќе се реализираат проекти, трибини и јавни расправи што ќе овозможат позитивни промени за дијалог меѓу заедниците и развој на мултикултурно општество.

Tags: Граѓански дијалози за односите меѓу заедницитеОпштина ЦентарЦИВИЛ
Next Post
Фото: Агротим.мк

МЗШВ со повик за аплицирање за субвенции по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk