Професорката и колумнистка, Емилија Целакоска, во објава на Фејсбук, „користејќи“ го слоганот од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „ВАЖНО Е!“, реагира на инцидентот предизвикан од директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски.
„#Важно е медиумите да бидат слободни да прекинуваат емисии.
#Важно е медиумите да бидат слободни да бркаат гости од емисија.
А нај #Важно е медиумите да бидат слободни да реализираат нарачки на ВМРО ДПМНЕ“, пишува Целакоска.
Директорот на Канал 5 телевизија, Иван Мирчевски, вчера направи скандалозен упад во емисија што оди во живо. Нему не му се допадна тоа што го кажа гостинот Исмет Рамадани во емисијата „Само вистина“, и реши да го отстрани од емисијата.
Ј. Ѓ.