Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Брисел изјави дека Европската комисија е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија.
За време на состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, Вархеји на платформата Х напиша дека Словенија, Австрија и Хрватска силно ги поддржуваат годишните извештаи на Европската комисија за земјите од регионот и новиот план за раст за Западен Балкан, што Европската комисија го усвои на 8 ноември.
The integration of the Western Balkans is our common aim.
This is about
📌our common security
📌our stability
📌our prosperityIt is our common project to secure peace on our continent.
2023 #WesternBalkans Ministerial meeting pic.twitter.com/DHAtQL2ygS
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) November 13, 2023
Претходно денеска во Брисел се одржа состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи, кој го сочинуваат шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата.
На маргините на Советот за надворешни работи имав неколку билатерални средби. Словенија, Австрија и Хрватска силно го поддржаа Пакетот за проширување и новиот план за раст. Комисијата е подготвена да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан, информира Вархеји.
На вечерашниот министерски состанок ЕУ-Западен Балкан, чиј домаќин е шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, Република Северна Македонија ја претставува заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.