Опозиционерот Христијан Мицкоски и ултранационалистот и лидер на групата анти-НАТО и анти-ЕУ – Димитар Апасиев повеќе нема да ја чуваат својата „љубов“ во тајност. И двајцата се изјаснија дека ако им треба по парламентарните избори ќе влезат во коалиција за евентуално да формираат заедничка влада.
Политичките аналитичари велат дека не треба да нè изненадат ваквите изјави, кога се знае дека и ВМРО-ДПМНЕ и Левица се водат од истите мотиви и центри на влијание кои не ја сакаат европската иднина на граѓаните на Северна Македонија.
Од владеачката СДСМ изјавија дека Мицкоски е за коалиција со Левица, против НАТО и против ЕУ, а Алијансата за Албанците бара опозициските партии на Албанците да се оградуват од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – по изјавите против интеграциите и против Албанците.
– Сите досегашни постапки на браќата по убедување ВМРО – Левица укажуваа на нивно единство и синхроност. Воопшто не треба да не изненадуваат ваквите изјави, кога се раководени од исти мотиви и ист центар на влијание. Она што е загрижувачко, е секако можноста од авторитаризам, од назадување во сите сфери на демократијата, па и меѓународни дисоцирања кон БРИКС…, во кои нема место за европски вредности, за кои тврдат дека не им се блиски, вели универзитетската професорка Ана Чупеска за „Фронтлајн“.
Поранешниот пратеник Зуди Џелили смета дека ВМРО-ДПМНЕ, покрај зближување со анти-НАТО и анти-ЕУ сили, како што се Левица, продолжува да ја негува и својата националистичка реторика.
– ВМРО-ДПМНЕ продолжува и со својата националистичка реторика. Кога се на власт овен грабежот не ги интетесира ништо друго. Нивната реторика се користи за дневна политика и за собирање гласови. ВМРО-ДПМНЕ ако навистина мислат да имплементираат антиевропска политика ќе го видат крајот, односно ако сака да провоцира поделби, тогаш крајот ќе им биде лош. Играта на националистичка карта може да нанесе голема штета на иднината на државата. Нека не се води по примерот на Милошевиќ, каде ја однесе Србија тој, колку штета му донесе на српскиот народ и како заврши, изјави Џелили за „Фронтлајн“.
Од владеачката СДСМ велат дека Мицкоски јавно, пред целата македонска јавност кажа дека е за коалиција на ВМРО ДПМНЕ со Левица.
– Со ова Мицкоски директно го потврди она што СДСМ цело време го говори поврзано со коалицијата на ДПМНЕ и Левица. Мицкоски ќе преговара за коалициски брак со Левица, која е анти-ЕУ и анти-НАТО партија, фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата. Паднаа сите маски на ДПМНЕ. Мицкоски ја покажа вистината за неговите политички дилови со Левица на штета на државните и национални интереси, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, нагласи дека ВМРО-ДМПНЕ историски се обидува да добие политички поени покажувајќи се како антиалбанска.
– Опозициските партии на Албанците треба да се оградат од ВМРО-ДПМНЕ, додека дава изјави против интеграциите на државта и против Албанците, вели Снопче.
Во декември на средба во Собранието парламентарните партии ќе носат консензуална конечна одлука кој ден од месец мај ќе се одржат претседателските и парламентарните избори – најави премиерот Димитар Ковачевски, кој засега не потврдува дали тој редовен термин за споени избори е 8 мај, среда.
– Декември нуди можност да се организира средба во Собранието со парламентарните партии, на која ќе ги дефинираме сите детали околу одржувањето на изборите. За многу кратко време ќе имаме Изборен законик, кој ги влучува сите забелешки од ОБСЕ и ОДХР, и кој ќе овозможи одржување на демократски избори, како ги имавме и изминатите циклуси, за разлика од оној 11-годишен период кои беа окарактеризирани како недомократски.-Димитар Ковачевски – претседател на Влада.
Доколку двојни избори се одржат на 8 мај, тоа ќе значи дека техничката Влада на 100 дена пред избори треба да се избере најкасно до 30 јануари со Албанец премиер, согласно договорот меѓу СДСМ и ДУИ.
Дестан Јонузи