ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски за средбата со Борел: Ние двајца јасно се согласуваме дека нашата ЕУ интеграција мора да продолжи

November 29, 2023 20:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство што денес бил повторно домаќин на почитуваниот висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, г. Жозеп Борел.

„Оваа средба доаѓа веднаш по средбата која попладнево ја имав со државниот секретар на САД  г. Блинкен, на која тој истакна дека имаме силна и континуирана поддршка од САД на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и за спроведувањето на потребните реформи“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека со државниот секретар на САД се согласиле дека стратешко партнерство, кое е фокусирано пред сѐ на плодната билатерална соработка, продолжува да се развива и понатаму.

„Високиот претставник Борел е во Северна Македонија поради учество на министерскиот состанок на ОБСЕ и  сакам уште еднаш, и од оваа говорница, да истакнам дека сме горди од нашата улога и конструктивен пристап во текот на претседавањето со Организацијата. Се надевам дека на Министерскиот совет, овде во Скопје, ќе бидат донесени важни одлуки за иднината на оваа значајна и најголема организација во Европа“, потенцираше Ковачевски.

Премиерот и високиот претставник на ЕУ разговарале отворено за најважните прашања врзани со реформскиот и евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.

Со Високиот претставник разговаравме и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан и се согласивме дека истиот ќе даде нов, силен поттик на процесот на евроинтеграции. Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“, истакна Ковачевски.

„Ние двајца јасно се согласуваме дека нашата ЕУ интеграција мора да продолжи. Тоа е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што  нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Северна Македонија“, вели Ковачевски во својата изјава.

 

Tags: БорелЕУКовачевски
Next Post
Фото: МИА

Борел: Северна Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk