ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Хотел во Харкив е уништен во руски напад, 11 лица се повредени меѓу кои и двајца турски новинари

January 11, 2024 08:28
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Два руски проектили погодија хотел во Харкив, вториот по големина град во Украина, а според градоначалникот, 11 лица се повредени, меѓу кои и двајца турски новинари.

Од објавените фотогравии на се гледа дека хотелот претрпел голема штета, а се гледаат и пожарникари кои го гаснат пожарот. Ракетите го погодиле хотелот синоќа околу 22:30 часот.

По последниот напад, девет лица се пренесени во болница, меѓу кои и еден маж во тешка состојба. Во хотелот во моментот на нападот имало 30 цивили, без ниту еден војник. Оштетени се и домови и автомобили во близина, јавува Би-Би-Си.

Харкив, кој редовно е цел на руските напади, во март ќе го отвори своето прво подземно училиште, јави ДПА.

Изградбата на училиштето во индустриската зона на градот се одвива според планот и покрај непријателскиот оган и студената зима, напиша вчера на „Телеграм“ градоначалникот Игор Терехов.

Веќе се изградени првите бетонски потпорни конструкции. Сега се работи на изолација, вентилација и водовод и канализација, рече градоначалникот.

Има и прелиминарни планови за изградба на уште едно подземно училиште во централниот кварт на градот.

Во градското метро функционираат близу 65 импровизирани училници. Во моментов на овој начин барем делумно се образуваат околу 1.000 основци.

Според властите, само околу 40 отсто од повеќе од 110.000 студенти сè уште остануваат во Харкив. Голем број од нив побегнале во странство, а многу од оние кои ја напуштиле земјата студирале од далечина во нивните претходни училишта.

Русија ги интензивираше нападите врз украинските градови во последните две недели, а официјални лица тврдат дека десетици цивили биле убиени во напади со беспилотни летала и проектили. Харкив, град на само 30 километри од руската граница, претрпе огромни штети од руските воздушни напади откако  Путин ја започна инвазијата во февруари 2022 година.

Подготви: Ј. Ѓ.

Поврзано:

Украинскиот град Харкив се подготвува да го отвори своето прво подземно училиште

Tags: Војна во УкраинаРуска агресијахаркив
Next Post

Променливо облачно, температурата до 8 степени

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk