ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обврските од Охрид официјално предложени да бидат вклучени во преговорите на ЕУ со Србија

February 3, 2024 17:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) поднесоа предлог во преговарачката рамка на Србија за членство во ЕУ да се вклучи исполнувањето на обврските што ги презеде во Охрид.

Со овој предлог, обврските од Договорот за патот кон нормализација на односите, како и Анексот за имплементација договорен лани во март во Охрид, формално се составен дел од преговарачкиот процес за членство меѓу Белград и Брисел, пишува РСЕ.

Според портпарол на Европската комисија, предлогот на Комисијата бил проследен вчера до Советот на Европската унија.

Во декември минатата година, Советот на министри побара од Комисијата да ги вклучи обврските од Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел.

„Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија“, се наведува во заклучоците, кои прво беа усвоени од европските министри, а подоцна и од шефовите на држави и влади на ЕУ.

Поглавјето 35 во преговарачката рамка за членството на Србија во ЕУ, кое се нарекува „други прашања“, во случајот со Србија ја вклучува и нормализацијата на односите со Косово.

Со цел да се следи напредокот во нормализацијата, ова поглавје е меѓу првите што беше отворено на 14 декември 2015 година.

ЕУ отсекогаш им кажуваше и на Белград и на Приштина дека брзината на напредокот во процесот на европска интеграција за секоја земја ќе зависи од напредокот во спроведувањето на овој договор во рамките на дијалогот.

По поднесувањето на предлогот, на Советот на ЕУ е да ги усвои овие измени, со кои формално ќе се вклучат и обврските на Србија од дијалогот во преговарачкиот процес за членство со Брисел.

На 27 февруари 2023 година Србија и Косово постигнаа Договор за патот кон нормализација на односите.

Во Охрид на 18 март минатата година беше договорен Анексот за имплементација на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Исто така, беше договорено овие документи да станат составен дел на процесот на пристапување на Србија и Косово во Европската унија.

Од 2011 година Србија и Косово со посредство на ЕУ водат дијалог за нормализација на нивните односи.

Косово прогласи независност во 2008 година, што Србија одбива да го прифати.

Обврските од новите документи ќе бидат вклучени во поглавјето 35 во преговорите за пристапување на Србија во ЕУ. Досега, поглавјето 35 го следи степенот до кој Србија ги спроведува договорите постигнати во дијалогот со Косово.

Г. Т.

Tags: ЕУобврскиОхридски договорпреговориСрбија
Next Post

Ковачевски: Алтернатива на ЕУ нема, затоа и никој од опозицијата не ја соопштува, ВМРО- ДПМНЕ нема никаков план

НАЈНОВО

Габриела Илиевска од „Поинаку“ ќе се кандидира за градоначалничка на Битола

August 18, 2025

Утре локален пороен дожд, од среда до петок стабилно, за викендот повторно врнежи

August 18, 2025

Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk